Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто сѐ уште ни треба Парадата на гордоста?
Парадата е симбол на политичката борбата за еднакви права и социјално прифаќање на ЛГБТ лицата и ослободување од стегите на патријархалните норми.

Се прошири информација дека на 26ти јуни ќе се одржи „општ семакедонски собор за заштита на семејните вредности“ во Битола. Овој „собор“ ќе се одржи токму еден ден по одржувањето на Парада на гордоста во Скопје што е јасен показател на што реагираат овие граѓани: поголемата видливост на ЛГБТ заедницата во јавната сфера. Слоганот на овој настан е „Семејството пред сѐ“ – како да ЛГБТ луѓето немаат семејства, роднини, родители и партнери. Овој настан имплицира дека оваа заедница е директна закана за семејството, како ЛГБТ луѓето да се некоја надворешна, инвазивна сила, а не обични луѓе кои едноставно постојат. Ваквата реакција на конзервативната средина која нѐ опкружува е добар показател дека Парадата на гордоста ни е сѐ уште екстремно потребна. 

Оваа година е само трет пат како се одржува Парадата на гордоста во нашата држава. Во Солун оваа година по десетти пат се одржува Парадата, во Белград се одржуваат Паради од 2014 наваму, а во Приштина оваа година се одржа петтата Парада на гордоста. Како што се покажа изминативе години, овој настан е многу важен и претставува место каде лезбејките, геј мажите, бисексуалците, трансродовите и други ЛГБТИ+ лица можат да бидат автентични, да излезат вон ѕидовите, да го заземат јавниот простор и да му докажат на доминантно хетеронормативното население дека тие постојат. Парадата е и простор каде сите оние кои се солидаризираат со нашата заедница и кои имаат блиски квир личности во животот можат да ја изразат својата поддршка со своето физичко присуство.

Но Парадата не претставува само потенцијално безбеден простор, туку и симбол на политичката борбата за еднакви права, социјално прифаќање и ослободување од стегите на патријархалните норми. ЛГБТ заедницата има достигнато одреден степен на човекови права – како легализиѓрањето на истополови бракови – во делови од светот како резултат на организирана политичка борба, но таа борба не само што не е завршена, туку некои од веќе добиените права се одземени заради десничарски политички сили и квирфобични легислативи. А во некои држави, таа борба дури сега се начнува. Така што, пред да почнеме да ги читаме хомофобичните изјави по социјални мрежи од типот на „Ама зошто треба да се парадира?“, решив да направам кратка листа на причини зошто сѐ уште ни се потребни Паради на гордоста во Македонија и низ целиот свет: 

  • Затоа што во Македонија хомосексуалноста била декриминализирана дури во годината кога сум родена – 1996. 
  • Затоа што облекувањето како „спротивниот пол“ било теоретски казниво во државата Њујорк сѐ до 2011. 
  • Затоа што за многу квир лица „аутирањето“ сѐ уште претставува животна опасност. 
  • Затоа што истополовите бракови се легални во само 31 држава. 
  • Бидејќи минатата година во Унгарија беше забрането да се предава за хомосексуалност и трансродовост во училиштата. 
  • Бидејќи многумина го демонизираат постоењето на трансродовите луѓе и креваат морална паника за наводно ширење на „трансродова идеологија“. 
  • Затоа што ЛГБТ младите се значително почеста мета на врсничко насилство (булинг) од хетеросексуалните млади. 
  • Затоа што во Полска декларираа „зони слободни од ЛГБТ луѓе“.
  • Зотоа што Сообранието воопшто не го ни гласаше законот за Правно признавање на родот (ППР) со кој трансродовите луѓе во Македонија ќе можат да ги усогласат своите документи. 
  • Бидејќи бисексуалците и бисексуалките сѐ уште не се сфатени сериозно и добиваат бифобични коментари дека само „поминуваат низ фаза“. 
  • Затоа што претседателот на Бразил, Џаир Болсенаро, се фали дека е „горд хомофоб“ во земја која има рекордни статистики за насилство врз квир луѓе. 
  • Бидејќи транс спортистките се постојана мета на луѓе кои пред тоа воопшто не се ни грижеле за женските спортови. 
  • Бидејќи хомосексуалноста е сѐ уште нелегална во 69 држави. 
  • Бидејќи само минатата година биле убиени дури 375 трансродови лица.
  • Затоа што не постои ниту една држава каде ЛГБТ лицата се целосно еднакви и безбедни.

Заради овие и многу други причини, Парадата на гордоста во Скопје и Парадите во градовите низ светот се сѐ уште многу важни алатки за отпор и протест против општествата кои ги угнетуваат родовите и сексуалните малцинства. Но, овие паради често не се само протест, туку и прослава на една заедница, која покрај сите препреки, дискриминација и насилство, останува издржлива, борбена и полна со радост. Затоа во сабота, излезете за љубов, слобода и заедништво.  

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • June 24, 2022
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • Од Вики Младенова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Историјата на лезбејските блуз пејачки од Харлем
Како култните квир блуз пејачки направиле револуција во културниот пејзаж на Америка.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (прв дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на неколку девојки и жени од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.
  • Од Игор Јадровски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Теодора Соколовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • ФЕМ 101
На 8 Март марширам!
Нека ни е честит денот на женската борба
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА
Неортодоксна (2020) или за ослободувањето од товарот на традициите
Приказната за хасидска Еврејка од Бруклин која успева да излезе од рамките на договорен брак и заминува во Берлин, звучи фасцинантно и само како концепт, а уште повеќе кога се заснова на вистински настани.
  • Од Радица Стојановска
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Револтирани сме од начинот на кој се перцепира нашата работа
ЈАДРО бара од Министерството за култура подобар третман на независната сцена
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Пенова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
*WAP* на најјако
Или зошто за многу луѓе влажна вагина значи опасна вагина
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Валканата мала тајна на сексот без обврски
Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram