Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.

1. Сценариото е фан-та-сти-чно! Ако сте фанови на чуден, британски црн хумор ова серија ќе ве освои од првата епизода. Ако не сте, можеби првите две епизоди ќе би бидат премногу мрачни (што до некаде беше случајот со мене). Дајте си време до третата епизода и ветувам дека ќе се заљубите во специфичноста на главниот лик, во играта со „4иот ѕид“, во контрастот на карактерите кои се навидум светлосни години разделени, но од време на време успеаваат да се разберат на теми како загуба на блиските, фамилијарни недоразбирања, потрага по дом и љубов и соочување со минатото. И баш во моментот кога ќе си помислите дека сцената станала романтична, нежна и предвидлива, секогаш ве очекува неочекуван кринџи момент кој ќе ве рассони, наежи и извади од такт. Некаде помеѓу хуморот, недокажаното и пасивната агресија, се сместуваат некои исторски вредни дијалози како оној за женската и машката болка, во веројатно најдобрата епизода од целата серија (2ра сезона, 3та епизода):

“Women are born with pain built in … period pain, sore boobs, childbirth. “[Men] have to seek it out … then they create wars, so they can feel things and touch each other, and when there aren’t any wars, they can play rugby.”

2.Phoebe Waller-Bridge е генијалка, а серијата е совршен начин да ја запознаете во својство на режисерка, сценаристка и главен лик. Fleabag е од оние дела кадешто се чувствува оргиналноста на еден човек кој стои зад главните елементи: режија, глума и сценарио. Сите глумци во серијата совршено се вклопуваат во своите ликови (за пример, ликот на новата жена на таткото на Fleabag, а бивша кума на фамилијата е специјално напишан за оскаровката Olivia Colman), но навистина потребен е генијален ум за створи толку изопачени, а истовремено симпатични ликови. Тоа важи особено за главниот лик, односно Fleabag. Ликот на кој никогаш не му го откривме името, е девојка која е заробена во загубата на својата најдобра другарка (за чија смрт се обвинува себеси), тотално е отуѓена од сите кои и биле блиски, а го користи сексот како механизам за справување со животните потешкотии. Нејзината индиферентност на почетокот оди до тој степен, што упорно се смирува и раскинува со истиот дечко, бидејќи знае дека кога ќе му раскине, тој од нервоза и го чисти станот. Сепак, начинот на кој ликот се развива пред нашите очи, безрезервната љубов која ја чувствува за сестра и (чиј развој го дочекуваме дури во втората сезона), непочитувањето на социјалните норми и правила и општиот куробол за сé околу неа, пропратен со една болна и трауматична осаменост и притаена хиперемотивсност, прави да се поисоветуваме со нејзините избори до крај и целсоно да се поврземе со нејзините реплики од типот: Sometimes I wonder if I’d still be a feminist if I had bigger tits.

Ликовите се уникатни, чукнати, повеќеслојни и пресмешни. Сите ликови се во некој момент одвратни, но и тогаш на некој човечен и разбирлив начин. Серијата оди во веќе прифатената насока на немање „добри“ наспроти „лоши“ ликови, но начинот на кој таа двостраност е претставена во оваа серија и колку промени може да доживее еден лик во 20тина минути е едноставно зачудувачки. Секој лик во Fleabag има причина и приказна. Тоа најмногу се гледа кога на неколку наврати се појави еден рандом лик, кој прв пат го видовме во својство на банкар кој ја одби Fleabag за кредит и ја нарече „курва“. Втор пат го видовме на некој чуден retreat за мажи кои имаат проблем со бес и навреди насочени единствено кон жени. Отогаш го гледаме на неколку наврати во серијата каде и помага на Fleabag во најапсурдни ситуации и на тој начин добивме некоја целосна слика за тој човек, кој дефинитивно не е важен за централната нарација, но е важен за градење на една коплексна општествена слика која допринесува кон развојот на главниот лик.

Секоја епизода ја надминува предходната, а текот на нарацијата често оди во неочекувани насоки. Со повеќето серии кога ќе ја пуштиш првата епизода или трејлерот, горе-доле можеш да знаеш што да очекуваш. Со Fleabag буквално врска немаш што гледаш и што ќе гледаш следно. Камерата и монтажата се особено смели и ја прават нарацијата повозбулива, а неколку наврати преку игра со монтажа се креира многу уникатен cliff hanger. Врските помеѓу ликовите се особено чудни: Fleabag и сестра и Клер, Клер и соругот, двете сестри и таткото, таткото и новата жена. Нема да навлегувам во детали по тоа прашање, бидејќи нивните врски на некој начин ја прават серијата, но кај секоја врска доживуваме неколку катарзични моменти, кои ни помагаат да ги разбереме траумите, фрустрациите и поврзувањето помеѓу луѓето, повторно спакувано во многу кратки дијалози, кои успеаваат да ни ја доближаат историјата на сите претставени врски.

Последно и особено важно: Свештеникот или Andrew Scott. Серијата е позната по тоа што е отворена кон зборување за секс кинкови, непријатни сексуални ситуации, бесцелен секс за една вечер, итн. Но ако треба да се издвои еден сегмент од серијата во тој поглед, тогаш тоа мора да биде генијално напишаниот и изглумениот лик на свештеникот, кој е љубовната и сексуалната опсесија на Fleabag (и веројатно на сите гледачи на втората сезона). Има неколку генијални сцени и реплики на овој лик кој се појавува во втората сезона и носи свежина на целата ситуација како летен туш. Од ладното „fuck you“ првата вечер кога се запознаваат, до дрското „клекни“ во исповедницата кога верувам нема човек на кој не му потекле лиги и сите топли џин-тоник ноќи помеѓу, ликот на невротичниот свештеник е тука за да нé потсети дека и Fleabag, колку и да е циник, мазохист и loner, сепак може да дозволи да биде сакана.

*Бонус причина: Во последната, особено емотивна сцена, на автобуската станицата на која седи Fleabag, со спреј пишува „Животе“, што на некој начин додава на тежина на сцената за секој слав што уживал во истата.

 

Серијата завршува со скромото мавтање на Fleabag кон камерата. Нема да добиеме повеќе од 2 сезони од оваа серија, но во меѓувреме можеме да гледаме бројни интервјуа со Phoebe Waller-Bridge за да си ја залечиме празнината која ја чувствува по крајот на Fleabag.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • September 27, 2019
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мајката (не) знае најдобро
Родовиот јаз во обврските околу грижата и воспитувањето на децата и малата, (скоро непостоечка) поддршка на мајките.
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: МКЦ
Да го зачуваме МКЦ!
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Санна Марин
Oчигледно, границата на моралот се повлекува кај млада жена со моќ, која се осмелува да танцува на камера. И тоа, провокативно.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зад воланот
Ода за движењето, трансформациите и наоѓање засолниште во непостојаното 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (втор дел)
Љубовта е модел, начин на однесување кој припаѓа на традицијата на мислење на заедницата, и тоа е постаро од моделот на индивидуалност.
  • Од Вики Младенова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Ми треба ново тело“ – приказ на градењето родов и перформативен идентитет
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Ана Аврамовска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Прашање на почит, воспитаност и љубов
Средствата и формите на борба се различни во зависност од општествено-политичкиот контест, но за мене најпредизвикувачки останува да ги „ловам“ меките форми на ненамерно репродуцирање на патријархални вредности и очекувања, често и низ суштински искрени „најдобри намери“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Гордост: некогаш, сега и секогаш 
Од немирите на Стоунвол до Парадата во Скопје.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Мизогинијата на скептиците за климатските промени
Зошто десничарите толку многу ги мразат Грета Тунберг и Александрија Окасио-Кортез? Истражувачите имаат вознемирувачки одговори на тоа прашање.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Грација Атанасовска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram