Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?
Сексуалниот работник пред сè е човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како и сите други луѓе.

Сексуалните работници се социјално маргинализирана група, која се соочува со силна стигма и дискриминација. Неосновано, овие лица често се поврзуваат со криминални акти и се соочуваат со принудни мерки од државата, како што се произволни апсења, притвор или физичко насилство.

Денес, 3-ти март, е Меѓународен ден на правата на сексуалните работници. Милиони жени, мажи и трансродови лица ширум светот одлучуваат доброволно да влезат во сексуалната индустрија. И покрај тоа, темите поврзани со сексуалната работа сè уште силно ги спротиставуваат мислењата на феминистите и активистите за сексуална работа. Овој ден се одбележува од 2001 година, кога над 25,000 сексуални работници се собраа во Индија на фестивал на сексуални работници, и покрај големиот отпор на одредени групи кои се спротиставуваа на сексуалната работа и се обидоа да го спречат одржувањето на фестивалот со притисок врз властите. Настанот беше организиран од страна на Комитетот Дурбар Махила Саманвеја, група со седиште во Калкута, која има над 50,000 членови, кои се сексуални работници и нивни поддржувачи. Од тогаш, сексуалните работници низ целиот свет го одбележуваат 3-ти март како Меѓународен ден на правата на сексуалните работници.

 

Правата на сексуалните работници се човекови права

 

Право на недискриминација: Сексуалните работници се подложни на висок степен на стигматизација и дискриминација и често не ја откриваат својата професија дури и пред најблиските пријатели и членови од семејството.

Право на живот, слобода и сигурност: Сексуалните работници имаат недоверба, но и многу бариери во пристапот до пријавување и институционално документирање на насилство, како и полициска заштита, а оние кои се одлучуваат да пријават било какво насилство, најчесто се игнорирани.

Право на здравје: Сексуалните работници со три пати помала веројатност пристапуваат до потребната здравствена заштита поради стигмата и дискриминацијата со која се соочуваат од страна на здравствените работници и институции.

Сeкoj имa прaвo нa рaбoтa, слoбoдeн избoр нa рaбoтнo мeстo, прaвeдни и пoвoлни услoви зa рaбoтa и зaштитa oд нeврaбoтeнoст: Криминализацијата на сексуалната работа ги принудува сексуалните работници да работат во изолација и тајност, а како последица на тоа ограничена им е можноста за безбедно работење.

Право на заштита од тoртурa или сурoв, нexумaн или пoнижувaчки трeтмaн: Голем број сексуални работници кои работат на отворено, т.е. на улица, доживуваат понижувачки третман од страна на полицијата, клиентите, но и од случајните минувачи.

 

Придобивки од декриминализацијата и почитувањето на работничките права на сексуалните работници

 

Истражувањата за сексуалната работа ги документираат штетните ефекти од криминализацијата врз животот на сексуалните работници. И покрај тоа што овие истражувања сведочат за негативните ефекти, предлозите на сексуалните работници за подобрување на работничките права во сексуалната индустрија се во голема мерка игнорирани. Делумно, ова се должи на претежно хипотетичката природа на организирањето на трудот околу сексуална работа, бидејќи вообичаените активности поврзани со сексуалната работа се најчесто нелегални. Кога некој не може да работи од фиксна локација или да ги уредува правилата и условите за давање сексуални услуги, фокусирањето на подобрувања на работничките права станува второстепено, а од примарно значење станува заштитата од кривичен и морален прогон. Сепак, декриминализацијата на сексуалната работа ја отвора вратата за повеќестепена анализа на сексуалната работа како форма на труд и отвора можност за развој и воведување различни стратегии за организирање на трудот поврзан со сексуалната работа.

Оттука, декриминализацијата на сексуалната работа се однесува на отстранување на сите кривични и административни забрани и казни за сексуалната работа, вклучувајќи и закони со кои се опфатени клиентите и сопствениците на јавни куќи. Тоа е различно од легализацијата, која претставува законска рамка која се карактеризира со опсежна законска регулатива, со што може да се ограничат правата и заштитата, да се создадат механизми за злоупотреба од страна на властите и да се изврши друго негативно влијание врз сексуалните работници.

Во Нов Зеланд и Нов Јужен Велс (Австралија) постојат успешни модели за декриминализација на сексуалната работа во светот. Декриминализацијата оди рака под рака со признавањето на сексуалната работа како работа и труд, со заштитата на правата на сексуалните работници преку законите за работни односи и со регулација за безбедноста и здравјето на работното место. Кога сексуалната работа е декриминализирана, сексуалните работници можат да настојуваат и да бараат побезбедни услови за работа и да го користат правосудниот систем за да бараат заштита од дискриминација и злоупотреба. Со декриминализацијата голема е веројатноста дека сексуалните работници ќе живеат без стигматизација, социјална исклученост или страв од насилство. Она што е важно да се напомене е дека декриминализицијата на сексуалната работа не подразбира декриминализација на проституцијата со малолетни лица и трговијата со луѓе или слични кривични дела.

Почитувањето на човековите и работничките права на сексуалните работници е клучно за ставање крај на насилството, експлоатацијата и дискриминацијата на сексуалните работници и луѓето кои продаваат или тргуваат со сексуални услуги.

 

Како можете да помогнете?

 

Начинот на изразување ја намалува стигмата – да го користиме терминот сексуален работник, наместо други опции кои се навредливи и имаат негативна семантичка и употребна вредност.

Поддржете ги настаните кои ги организираат или во кои учествувааат сексуалните работници, како протести, маршови и кампањи.

Донирајте доколку сте во можност. Сексуалните работници често живеат на работ на сиромаштијата и неретко имаат потреба од дополнителна финансиска помош. Донациите исто така можат да бидат насочени и кон организации кои ги поддржуваат сексуалните работници.

Бидете дел од промената – дознајте повеќе за темите што влијаат на сексуалните работници, поддржувајте ги сексуалните работници во Вашата заедница и вклучете сè!

 

За СТАР-СТАР Скопје
Во Северна Македонија постои организација која работи во областа на правата на сексуалните работници. Од 2007 до 2010 година, СТАР-СТАР претставуваше активистичко движење на група млади луѓе кои имаа една заедничка цел – унапредување и промоција на правата на сексуалните работници во Македонија, притоа активно вклучувајќи ги лицата од сексуалната индустрија во имплементацијата на своите активности. Денес, СТАР-СТАР е дел од граѓанскиот сектор промовирајќи ги своите аспирации, придонеси и потреби, стремејќи се кон отворено општество кое знае да ги препознае, прифати и почитува различностите. СТАР-СТАР и сексуалните работници веруваат дека почитувањето на основните човекови права и слободи и правото на слободен избор на професија се основните принципи за здраво, толерантно и слободно општество. Визијата на СТАР-СТАР е да се залага за свет без насилство во коj сексуалните работници слободно живеат и работат, а почитувањето на основните човекови права и слободи се основни принципи на демократско и толерантно општество, додека пак Мисијата има за цел да ги заштитува и застапува сексуалните работници во општеството, преку активна соработка со државните институции, граѓанскиот сектор и медиумите на локално, национално и меѓународно ниво.
Дознајте повеќе за СТАР-СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот на www.starsexwork.org

 

 

Авторка: Лила Милиќ, координаторка за мобилизација, едукација и превенција на терен

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Лила Милиќ
  • March 3, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Прашање на почит, воспитаност и љубов
Средствата и формите на борба се различни во зависност од општествено-политичкиот контест, но за мене најпредизвикувачки останува да ги „ловам“ меките форми на ненамерно репродуцирање на патријархални вредности и очекувања, често и низ суштински искрени „најдобри намери“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза
Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
(О)станување уметници
Кон „Птицата во мене лета каде што ќе посака“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
The M word: или зошто цензурирањето на менструацијата претставува микро сексизам?
Ако воопшто не сакаме да зборуваме за менструацијата од медицински аспект, тогаш како би очекувале овој проблем да се сфати сериозно и како би формирале политики и протоколи за земање боледување за менструални болки ако нашите шефови сметаат дека медицинските факти за нашата болка се премногу „приватни“ за споделување?
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Калина Малевска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Заедно посилни
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Принтот не е мртов
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Нина Раповска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово базирано насилство: Кривично дело кое останува толерирано
Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“.
  • Од Гала Насева

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram