Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.

За помалку од 24 часа почнува првата Парада на гордоста во Скопје. Скопје Прајд е протестен марш кој има за цел да го сврти вниманието на јавноста кон нееднаквоста со која живеат ЛГБТИ луѓето во нашата земја. Поради стигмата, неприфаќањето и насилството со кое ЛГБТИ заедницата секојдневно се соочува, вашето присуство ќе претставува највидливата и најсилната поддршка која може да ја дадете. Зошто е важно да се излезе утре на улица, споделуваат ЛГБТИ активисти, активистки, борци и борки за човековите права, поддржувачи и пријатели.

Скопје Прајд за мене е ослободување, прослава, и гордост во сопствениот идентитет. Некои луѓе не го разбираат тоа, и тоа е океј, прајдот постои за таа цел и можеби не оваа година, но со текот на времето ќе ја пренесе пораката. Прајдот за мене е политичко движење, како и сите други протести, прајдот јавно кажува и ја потврдува видливоста на ЛГБТИ заедницата. Прајдот пренесува порака дека не сме сами во оваа битка за човекови права и слободи, и дека на крајот на денот, сите сме тука да оствариме заеднички цели.
Стефан Петровски
Субверзивен Фронт

 

Прајд затоа што се уште нема слобода на изразување, затоа што има само деклараривни заложби и затоа што ништо суштински не е променето. Дискриминирани, напаѓани, незаштитени покажуваме дека сме тука и бараме еднаквост!

Јована Јовановска
ЛГБТИ Центар за поддршка Скопје   

 

Гордоста претставува опозициска, дисензуална структура на чувствување изградена низ колективен напор, политика на емоции која се спротивставува на логиката некој да се посочува со прст, да те засрамува за тоа кој си, кого сакаш, каков културен и социјален живот формирате. На овој начин гордоста претставува и превртување на логиката на “расипаниот” идентитет кој ви наметнува да се срамите и да го унижите секој јавен изблик на знаците кои се асоцирани со вашиот идентитет, да се срамите од најмалиот пробив на бидувањето геј. Гордост, заради тоа што излегувате во јавниот простор во контекст во кој сте исклучувани, дискриминирани, жртви на говор и континуирано насилство од омраза. Деца и млади луѓе се исклучувани од семејствата, стигматизирани во училиштата, демонизирани во медиумите, а во институциите, особено транс луѓето, се девалвирани. Во таква социјална атмосфера на понижување излегуваме на улица, во општество во кое од сите страни ви велат дека сте „изопачени, болни, настран”, дека не заслужувате да живеете, дека не го исполнувате стандардот на човечкото. Па зарем ова е мала причина да се чувствувате гордо, во најмала рака, ако на ништо друго, тогаш на силата, истрајноста и упорноста да преживеете и да креирате социјален свет во еден таков контекст. Одовде, на што има да се гордеат стрејт и родово нормативните луѓе? На глаткото газење по патеки кои се веќе истапкани и направени согласно потребите на нивните тела и желби? На удобното тонење во простор модулиран согласно нивните животни патеки, интимности и форми на живот? На неприметното задоволство да се препознаат и најдат валидација на своите желби, сексуалности и родови отелотворувања на секој чекор, во секој ќош на јавниот простор? На неподносливата леснотија на живеење во хетеронормативен свет – нарцисоидно огледало на самите себе? ЛГБТИ луѓето, настраните, во таков контекст решаваат да излезат надвор, да ја заземат улицата која е заеднички простор, и да бидат видливи наспроти оние кои им велат „останете во 4 ѕида“, да го реапроприираат јавниот простор и да ја остават трагата на своето постоење, да го тврдат правото на споделување на заедничкото, и негова трансформација.
Славчо Димитров
Куратор на Скопскиот викенд на гордоста

 

За мене Парадатa на гордоста е протестен марш. Чекор за слобода, еднаквост и права. Ќе излезам во сабота затоа што верувам дека можам, смеам и морам да вложам во општеството во кое сум се родила, живеам и веројатно ќе умрам. За себе, за генерациите пред мене, и за оние кои допрва ќе дојдат. Парадата е само уште еден чекор во мноштвото други кон целта. А целта е пристоен и достоинствен живот за СИТЕ!
Ирена Цветковиќ
Извршна директорка на Коалиција Маргини

 

Никогаш се немам почувствувано поконфорно во сопствената кожа и послободна во своите избори, отколку од кога почнав да стапувам во блиски врски со квир личности, кои ми ги редефинираа начинот на живот, идеите за пријателство, (себе) прифаќање, љубовта и гордото постоење наспроти секоја логика на опресивното мнозинство.
ЛГБТИ заедницата СЕКОГАШ била прва на улица во борба за праведно, правично, еднакво и слободно општество и СЕКОГАШ била вокална, храбра и бескомпромисна во таа борба.
Во сабота излегувам на улица и очекувам сите личности кои имаат капацитет да разберат колку е овој настан важен, исто така да излезат на улица на протестната парада, бидејќи јавниот простор ни припаѓа нам, колку и на сите други. Излегувам на улица бидејќи сум страшно горда на квир историјата и на секоја победа која „обратните“ несебично ја водат за слободата на сите. Излегувам на улица бидејќи сум горда на сите oние кои исправено се спротиставуваат на лудите правила на хеторопатријархатот од кој патиме сите. ЛГБТИ заедницата се бори со овој систем буквално секој ден: време е да се даде поддршката која навистина ја заслужува. Жена Борец 11:00 часот.
Калиа Димитрова
Главна уредничка на Медуза

 

Со крената глава и без страв да го поддржиме Skopje Pride. Со видливоста ќе пратиме порака дека постоиме и сме тука заедно со останатите. Дојдете заедно да маршираме.
Лила Милиќ
Активистка за правата на сексуалните работници и трансродовите лица

 

Кршиме табуа, незнаење, неразбирање, неприфаќање. Парадата им е потребна токму на тие, неразбраните, неприфатените, стигматизираните. Во тој еден ден ќе бидат горди за својата величествена различност, на тој ден ќе можат да бидат еднакви во својата посебност.
Уранија Пировска
Извршна директорка на Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија

 

Пред сé, затоа што Скопје Прајд е протест! Протест против опресивни политики, протест против дискриминацијата и стигматизацијата со кои заедницата се соочува секојдневно и во секоја сфера, протест затоа што кога на транс лица им се обезбедуваат здравствени услуги македонската јавност влегува во колективна трансфобична хистерија и Министерството за здравство се повлекува од одлуката, протест за заземање на јавниот простор кој и припаѓа на заедницата исто колку и на секој друг! Протест, затоа што ни еден од напаадите врз ЛГБТИ Центарот се уште не се расчистени. Скопје Прајд затоа што млади луѓе секојдневно живеат во страв да бидат “откриени”, како дома така и од своите блиски, своите соученици, своите професори и работодавци. Скопје Прајд затоа што еднаквоста и достоинството на лицата од заедницата се ЗАГАРАНТИРАНО право, а не покана за дебата на широката јавност! Скопје Прајд затоа што моите најблиски секој ден ми покажуваат што е љубов, прифаќање и радикално бидување свој, па затоа Скопје Прајд, за да го заземеме просторот кој е наш, во кој имаме право да се движиме, да постоиме, да се сакаме, да чувствуваме хистерија, болка, тага, среќа и магија. Скопје Прајд за да покажеме дека сме тука, дека сме гласни, дека сме горди и дека процесот на реапроприација на јавниот простор и јавниот дискурс е започнат, и веќе нема да правиме компромиси.
Ена Бендевска
ЛГБТИ Центар за поддршка и Медуза

 

Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
Кочо Андоновски
Програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка Скопје

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • June 28, 2019
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Која сум кога сум далеку од дома?
Белешки за трансформативната улога на патувањата или почетокот на моето созревање
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (прв дел)
Кога скршеното срце е изложено, кога конците се видливи, тоа е сила, тоа е доволно за живот во кој 'јас' може да се пресоздаде, неумитно во себе да ги опфати грижата, болката, срамот, стравот, љубовта, себе-дарувањето, пријателството, радоста и конечно – гордоста да се биде ваков или таков, или никаков, но возможно е – секаков!
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?
Сексуалниот работник пред сè е човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како и сите други луѓе.
  • Од Лила Милиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Махса Амини
Смртта на 22-годишната Иранка која беше уапсена во Техеран поради носење несоодветен хиџаб предизвика бројни протести низ Иран.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Историјата на лезбејските блуз пејачки од Харлем
Како култните квир блуз пејачки направиле револуција во културниот пејзаж на Америка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Во фокус: Санна Марин
Oчигледно, границата на моралот се повлекува кај млада жена со моќ, која се осмелува да танцува на камера. И тоа, провокативно.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Грација Атанасовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Чашка слобода: или сé што треба да знаете за менструалната чашка, но никој не ви го кажал
Важно е да бидеме информирани и на тој начин да ги правиме изборите кои се најдобри за нас затоа што нашите тела го заслужуваат тоа.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Низ уметничките соработки ги преобликуваме начините на тоа како (можеме да) живееме заедно
Интервју со кореографката и изведувачка Викторија Илиоска по повод премиерата на нејзиниот нов танцов перформанс „Ми треба ново тело“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Коалиција Маргини
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто сѐ уште ни треба Парадата на гордоста?
Парадата е симбол на политичката борбата за еднакви права и социјално прифаќање на ЛГБТ лицата и ослободување од стегите на патријархалните норми.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Ани Ерно
„Можеби вистинската цел на мојот живот е моето тело, чувства и мисли да станат текст; нешто разбирливо и универзално, со што моето постоење ќе се спои со животите и главите на другите луѓе.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Will you tell them?” Промоција на книга и изложба на Јован Јосифовски
Изложбата е составена од творби и книга кои се продукт на повеќемесечно истражување и работа на авторот во соработка со PrivatePrint студиото.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што навистина не е во ред со „Blonde“
Доминик не го намалува значењето на Мерлин Монро, нејзините победи и успеси, нејзината сила и издржливост, но фрла светло на моментите кои довеле до тоа таа сила да се скрши.
  • Од Билјана Кочоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Слободата како трпелив труд
Како да практикуваме колективна и вклучувачка феминистичка слобода?
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За земјоделките во земјата нема одмор, само работа
„Поради земјоделски активности кои ни се единствен приход во семејството, преживеав два спонтани абортуса.“
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram