Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.

Текстов е потпишан од МЕ Сигхарт (MA Sieghart), наместо од Мери Ен (Mary Ann). Зошто? Затоа што навистина сакам да го прочитаат и мажите. Низ вековите, писателки како сестрите Бронте, Џорџ Елиот и Џ.К. Роулинг чувствувале потреба да го скријат својот пол за да ги убедат мажите да ги прочитаат нивните книги. Дали е сè уште потребно да се применува овој метод? За жал, да.

За мојата книга The Authority Gap, која истражува зошто писателките сè уште ги сфаќаме помалку сериозно од писателите, побарав од Nielsen Book Research да откријат кој што чита. Сакав да дознаам не само дали писателките се сметаат за помалку авторитативни, туку дали мажите воопшто ги читаат. Резултатите ми го потврдија она во кое се сомневав – дека мажите се диспропорционално безволни дури и да отворат книга напишана од жена.

Кога станува збор за 10-те најпродавани писателки (на листата се наоѓаат Џејн Остин и Маргарет Атвуд, како и Даниел Стил и Џоџо Мојс), само 19% од нивните читатели се мажи, а 82% се жени. Кај 10-те најпродавани писатели (на чија листа се наоѓаат Чарлс Дикенс и Џ.Р.Р. Толкин, како и Ли Чајлд и Стивен Кинг), соодносот е многу поизедначен: 55% мажи наспроти 45% жени.

Со други зборови, жените се желни да читаат книги напишани од мажи, но значително помал број на мажи се желни да читаат книги напишани од жени. Згора на тоа, писателката од листата на топ десетте писателки со најбројна машка публика – авторката на трилери Л.Џ. Рос – ги користи своите иницијали, па можно е мажите да мислеле дека е една од нив. Што ни кажува ова за тоа колку се безволни мажите да го признаат рамноправниот авторитет – интелектуален, уметнички, културен – на жените и мажите?

Маргарет Атвуд, писателка која треба да се најде на полиците на секој љубител на жфикција, брои само 21% машки читатели. Машките добитници на Букеровата награда, Џулијан Барнс и Јан Мартел, имаат двојно повеќе (39% и 40%). Не е дека жените се помалку добри во пишувањето книжевна фикција. Сите пет од топ петте најпродавани книжевни романи за 2017 беа напишани од жени, и девет од топ 10-те. И не е дека мажите не уживаат да читаат книги напишани од жени, штом ги отворат; дури и малку повеќе ги преферираат. Просечната оценка која мажите ја даваат на книги напишани од жени на Goodreads е 3.9 од 5, додека на книги од мажи е 3.8.

Кога се работи за нефикција, која во просек повеќе ја читаат мажи, моделот е сличен, но не толку впечатлив. Мажите сè уште претпочитаат писатели, но јазот не е толку голем бидејќи жените, исто така, претпочитаат писателки. Но сепак постои разлика. Жените се за 65% пожелни да читаат нефикција напишана од маж, отколку мажите. Ова укажува на тоа дека мажите, свесно или несвесно, не им го признаваат авторитетот на жените онолку колку на мажите. Или, пак, тргнуваат од мрзливата претпоставка дека книгите напишани од жени не се за нив, без воопшто да проверат дали ова е точно.

Зошто е ова важно? За почеток, го ограничува начинот на кој мажите го искусуваат светот. „Веќе долго време ми е познато дека мажите едноставно не се заинтересирани да ја читаат нашата книжевност“, ми призна добитничката на Букеровата награда, романсиерката Бернардин Еваристо (Bernardine Evaristo), во интервју за The Authority Gap. „Нашата книжевност е еден од начините преку кои го истражуваме наративот, нашите идеи, го развиваме нашиот интелект, нашата имагинација. Ако пишуваме женски приказни, тоа значи дека зборуваме за женските искуства. Зборуваме и за машките искуства од женска перспектива. Нивната незаинтересираност за овие теми е изразито осудувачка и загрижувачка“.

Ако мажите не читаат книги од и за жени, нема да развијат емпатија за нашите преживеани искуства. Ќе продолжат да го гледаат светот низ исклучиво машки очила и ќе поаѓаат од машкото искуство како стандард. Ваквиот ограничен фокус ќе влијае на нашите релации со нив, како колеги, пријатели и партнери. Исто така, со тоа ги ускратуваат писателките чии дела се смета дека се наменети за потесен пазар, а не „мејнстрим“, ако се главно читани од жени. Тие уживаат помалку почит, понизок ранг и помалку заработуваат.

Романсиерката Камила Шамзи (Kamila Shamsie) била дел од голем број комисии и ја има посведочено токму оваа асиметричност. „Жените во комисиите протажираат книги напишани и од мажи и од жени“, ми кажа таа. „А мажите повеќе протажираат книги напишани од други мажи“.

Доли Алдерон (Dolly Alderton) е многу успешна писателка, чиј мемоар Everything I Know about Love („Сè што знам за љубовта“) ја доби Националната книжевна награда за 2018-та за најдобра автобиографија. Сепак, барем во Британија, книгата не наиде на никаков одзив кај мажите. Весниците и списанијата испраќале исклучиво новинарки да ја интервјуираат, а самата книга била „рекламирана, сфатена и прифатена како дел од многу мал пазар, само поради таа родова дамка. Но женското искуство не е наменето за одбрана и тесна публика; тоа е од универзален и заеднички интерес“.

Тоа не било случај кога отишла на книжевна тура во Данска. На новинарот кој ја интервјуирал му рекла дека тој е првиот маж новинар. „Не му се веруваше и му звучеше многу чудно. Како дваесетгодишник, ми кажа дека тој и неговите пријатели читаат мемоари и фикција напишани од жени и мажи подеднакво“. Работите можат да бидат поинакви. Станува збор за проблем кој мажите можат многу лесно да го решат. Се што треба да направат е активно да бараат книги напишани од жени.

Ако мажите се скептични дека жените би пишувале на теми кои ги интересираат, можат да се обидат со Пет Баркер која пишува за Првата светска војна или Хилари Мантел за интригите во дворот на Хенри VIII. Штом еднаш се навикнат, можеби дури ќе откријат дека станува збор за човечки наместо ексклузивно женски приказни и дека всушност уживаат во нив.

Мажите можат многу да добијат со тоа што ќе го прошираат својот ум и вкус. Само затоа што книгата е напишана од жена или е за жени не значи дека истата нема што да им понуди. Може да им ги отвори очите за тоа што значи да се живее како жена, што е воедно и првиот чекот кон емпатија. А можеби ќе им помогне да го дупнат меурот во кој многу мажи неосетно живеат за таму да се изродат нови мисли и погледи. Зар во тоа не лежи улогата на уметноста?

Извор: The Guardian

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • September 2, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За земјоделките во земјата нема одмор, само работа
„Поради земјоделски активности кои ни се единствен приход во семејството, преживеав два спонтани абортуса.“
  • Од Јована Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Пелин Балабан
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сите за МКЦ: Движење кое почна со дружба
Ваквите пријателства и познанства создаваат чувство на заедништво, а некогаш овие врски може да се претворат во политички движења.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Интуицијата како отелотворено знаење
Имам некое чувство што не можам да си го објаснам, но тука е.
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Чашка слобода: или сé што треба да знаете за менструалната чашка, но никој не ви го кажал
Важно е да бидеме информирани и на тој начин да ги правиме изборите кои се најдобри за нас затоа што нашите тела го заслужуваат тоа.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Семејството на прво место: Подемот на антиродовото движење во Северна Македонија
Говорот на омраза насочен кон ЛГБТ заедницата во Северна Македонија е во пораст, но жртвите ретко го пријавуваат. Во меѓувреме, „антиродовото“ движење, остварува придобивки.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Махса Амини
Смртта на 22-годишната Иранка која беше уапсена во Техеран поради носење несоодветен хиџаб предизвика бројни протести низ Иран.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Како пандемијата ме лиши од амбиции
Сè што некогаш сум го сметала за нормално, стабилно или безбедно ќе исчезне. Родителството и работата повеќе не беа одвоени; сè се згрутчи во леплив, непријатен хаос од кој беше невозможно да се избега.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Џејлан Велиу
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram