Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.

Да, постои нешто што се вика родов јаз во хуморот (humor gap). Не знам од кога постои, ама во последниов период прочитав за него на неколку места, а и се случи некој да ми го каже мене лично. Искрено, бев збунета и никаде не можев да ја најдам логиката и поврзаноста на родот со смислата за хумор. И упорно тврдев: „Јас сум смешна.“ Малку очајно, побарав и други да потврдат дека сум смешна. Се разбира, со ова не си ја докажав поентата. Фактот дека не можев да докажам ме налути, ама и ме поттикна да истражам малку повеќе.

Открив дека смислата за хумор често се поврзува со еволутивната психологија, односно дека мажите морале да ја развијат вештината за хумор со цел полесно да ги привлечат жените. Според едно истражување на списанието Intelligence во 2011 г., се заклучило дека тие се обидуваат многу повеќе пати да кажат нешто смешно, па затоа и повеќе шеги ќе им бидат успешни – така се добива впечатокот дека се посмешни. Во други бројни истражувања, меѓу кои и на Psychology Today, се покажало дека мажите навистина се посмешни од жените. Сосема трето истражување, на психолозите Ерик Беслер и Сигал Балшајн во 2006 г., покажало дека и на мажите и на жените им е важна смислата за хумор кај партнерите, но од сосема спротивни аспекти: мажите сакале партнерки кои ќе се смеат на нивните шеги, а жените повеќе сакале партнери кои ќе ги смеат. Во ред, но дали може, кај едни вакви комплексни суштества како што сме ние луѓето, сè да се сведе на биологија?

Земајќи го предвид фактот дека хуморот има и тоа каква поврзаност со општествениот контекст, психолошки, емоционални, културни и когнитивни влијанија, во најмала рака бесмислено е да препишеме сè на еволуцијата и инстинктот за размножување. Нашата смисла за хумор ги отсликува нашите искуства и нашите погледи за светот, она што сме го научиле и доживеале, нашите стравови и слабости. Значи, хуморот не е (само) вроден. Оттука произлегува прашањето: зошто тогаш од истражувањата упорно излегуваат слични резултати?

Некои од претпоставките, како и мојата теорија, е дека жените се социјализирани на тој начин што секогаш треба да се некаде во позадина. Биди примерна и послушна. Немој да си толку гласна. Немој да си центар на внимание. Девојките и жените во минатото, не смееле да кажат ништо, а не пак да се шегуваат. Тоа и денес на некој начин се провлекува. И моето искуство на факултет ми го кажува ова. На предавањата, во доминантно женски групи, на отворените прашањата на професорите скоро секогаш прв брзаше да даде образложение некој од два-тројцата колеги. Не верувам дека баш сите девојки се само срамежливи. Некој така ги научил, некој не ги охрабрил да го кажат своето мислење за што било, а камоли јавно да кажуваат шеги.

Дел од објаснувањето се наоѓа и во тенденцијата на жените да бидат допадливи – нешто што исто така е научено, а не вродено. Жените многу повеќе се смеат на шегите на мажите и се трудат да бидат фини, отколку што кажуваат нивни шеги. Знаат дека треба само да се смешкаат, да трепкаат и потврдно да климаат со главата. Според едно истражување од 1998 г., голем број од мажите, не би избрале смешни жени како партнерки. Можеби затоа што тоа им оддава впечаток дека не се сериозни? Не би биле добри сопруги и мајки? А жената никако не смее да испрати таква порака! Затоа тие самите знаат дека на нивниот хумор „не му е таму местото“. Очигледно, смислата за хумор не е посакувана женска особина – па жените не ни се обидуваат да бидат смешни. Стенд ап комичарката Сара Бенинкаса во интервју за The Atlantic самата изјавила дека кога била помлада, „омекнувала“ за да им угоди на момците кои сакала да ги привлече. Не се шегувала, но затоа многу повеќе се смеела на нивните шеги.

Во сличен контекст е и теоријата која тргнува од фактот дека хуморот е знак на интелигенција. Ако жените се смешни, односно интелигентни, тие стануваат некаква закана за мажите. Закана за нивната доминација, можеби. И за тоа постојат докази од истражување на списанието Personality and Social Psychology Bulletin од 2015 г., во кое мажите ги оцениле како недоволно привлечни жените за кои знаеле дека се поинтелигентни од нив. И самите жените веруваат дека мажите се плашат од жени кои се „премногу паметни“, па не сакајќи да ги оттргнат од себе, повторно не се обидуваат да се шегуваат. Бидејќи, да повториме, најважно за жената е да најде партнер, без разлика на сè.

Најапсурдно е дека жените можеби не се смешни токму поради овој стереотип. Односно, ако тргнеме со самата предрасуда да слушаме женски шеги, предвреме очекувајќи дека нема да бидат смешни – вистина нема да бидат смешни. Во еден експеримент на психологот Лора Микес, во кој учесниците требало да го погодат родот на авторот на шегата, и мажите и жените ги припишале посмешните шеги на машки автори – дури и кога биле напишани од жена. А можеби ако знаеле дека се напишани од жени, немало да им бидат смешни?

А што се однесува до сите аргументи дека нема добри стенд ап комичарки: прво, има. Второ, дури и да се согласиме дека се во помал број од мажите, од сите горенаведени причини, дали можете да најдете барем едно нешто што ќе ги охрабри жените воопшто да се занимаваат со таква професија? Се разбира, ако повеќе мажи воопшто почнуваат таква кариера, повеќе од нив и ќе станат успешни.

Да заклучам, упорно не прифаќам и не сакам да прифатам дека жените не се смешни. Зошто да прифатам штом не е ни вистина. Кога би ја смениле перцепцијата за женскиот хумор; кога би ги ослободиле девојките и жените да го кажуваат своето мислење во сите облици – хумористично или сериозно; кога би ги оставиле да си бидат смешни и да уживаат во тоа; кога смислата за хумор би била посакувана особина (и не само за привлекување партнери), сите би биле посреќни. Хуморот не во сопственост на мажите, тој ни припаѓа на сите нам.

НАПИШАНО ОД:
  • Благица Димитрова
  • April 1, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (втор дел)
Љубовта е модел, начин на однесување кој припаѓа на традицијата на мислење на заедницата, и тоа е постаро од моделот на индивидуалност.
  • Од Вики Младенова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол
Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преведувачка работилница: Оснажувачкото еротско во поезијата на Одри Лорд
Компарација на препеви на две песни од Одри Лорд
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА
ГУЖ #1 Yaeji
Мислам дека музика може да трансцедентира јазик
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марија Бошковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кика Авеиро
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #2
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • Од Радица Стојановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Гордост: некогаш, сега и секогаш 
Од немирите на Стоунвол до Парадата во Скопје.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Калина Малевска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram