Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.

Во поп-културата, хоророт си има специфично место: има конкретни тропи коишто се повторуваат, следи извесна наративна формула и најчесто се смета за банална забава. Одвреме-навреме ќе се слушне за некој хорор којшто „мора да го изгледате“ затоа што „не е обичен хорор филм“ и обично тука завршува приказната за пошироката публика. Ова не значи дека свесно ги изоставуваме хорор класиците како Rosemary’s Baby (1968), The Exorcist (1968) или Psycho (1960), туку едноставно посочуваме кон опаѓачкиот квалитет на високо буџетните хорор филмови коишто доживуваат поширока филмска премиера. Но ваквата ситуација им отстапува место на филмаџиите коишто ги раскажуваат своите приказни во инди просторот, којшто пак подразбира поголема уметничка слобода и повеќе простор за креативни ризици.

Еден ваков поджанр којшто моментално ја живее својата ренесанса е фолк хоророт. Субверзивниот потенцијал во пасторалните пејзажи и сончевите краишта е идеалниот терен за брутална социјална критика и ужасите на човековата психа. Midsommar (2019), последниот долгометражен филм на Ари Астер, е одличен претставник на фолк хоророт. Филмот ја истражува жалоста на протагонистката Дени, по самоубиството на сестра ѝ, откако прво ќе си ги убие родителите. Нештата вртоглаво излегуваат од контрола откако Дени со дечко ѝ и група негови пријатели одат во Шведска во комуната Харга, за фестивалот „Мидсомар“. Дејството во филмот се придвижува од неможноста на Дени прикладно да ја доживее својата тага заради отсуството на емпатија и заедница од сите околу неа. Ваквите прашања коишто ги поставува филмот отвораат и поширока дискусија за теми коишто отсекогаш имале клучно место во феминистичката теорија: колективното дејствување, заедништвото и женскиот бес.

Првиот кадар од Midsommar е слика на која е прикажана паганската традиција што се случува секој година во јуни, во Шведска, од кадешто и потекнува празникот Мидсомар. Сликата е впечатлива поради сопоставеноста на светол и темен дел, како и острата вертикална линија што ја сече сликата на два дела. Филмот умешно го пресликува овој лајтмотив низ ликовите и сцените и го трансформира низ мноштвото симболи, меѓу кои е контрастот помеѓу сончевите и цветни кадри наспроти гротескните ритуални убиства коишто се случуваат во сектата Харга. 

Филмот почнува бавно, со измачувачко темпо кое напати се чини дека го диктира неодлучноста на Дени и нејзиниот партнер Кристијан за тоа дали да ја прекинат врската. Сцените каде Дени и Кристијан разговараат и тој одбива активно да учествува во разговорот се измачувачки и тешки за гледање. Динамиката на нивната врска не успева да се трансформира откако таа го губи своето семејство на ужасен начин, а Кристијан одбива да ја поддржи и воопшто да ја валидира нејзината болка. Неподносливата подвоеност на животот на Дени е прикажана преку нејзината семејна состојба со грижата за сестра ѝ и врската со Кристијан, којшто очигледно нема желба, и според неговите особини се чини ниту капацитет, да се справи со ситуацијата на Дени. Ваквата начелна поставеност во нивната врска е основата за дуалитетот кај Дени и она што ја принудува да ја преградува жалоста за да му биде удобно на Кристијан. Се разбира, неартикулираната тага се претвора во гнев и токму ова отсуство на прифаќање на болката која доаѓа после ваква трагична загуба ја таложи основата за катарзата која доаѓа на крајот: признавање на болката и ослободување. Но, дејството на филмот се впушта во нов тек токму заради неконформирањето на Дени и упорноста да го истражува непознатото, во случајот Харга, којашто единствено ѝ нуди емпатија и заедница.

Котрастот помеѓу самите ликови може да се види и преку нивното позиционирање во однос на комуната и нештата коишто им се непознати. Кристијан и останатите момци се обидуваат да ја искористат нивната нова и според нив ‘’егзотична’’ околина и да напишат дисертација за работите кои ги гледааат. Еден од нив дури и ноншалантно ќе се измоча врз труп од едно дрво кое старешините во комуната го сметаат за свето. Дени, од друга страна, и покрај тоа што останува критички настроена кон работите кои ѝ се сомнителни во комуната, почнува полека да се чувствува како дел од нивната заедница. Таа не чувствува потреба да ја крие својата тага, туку напротив тука наоѓа простор каде може да ја разобличи и трансформира, за конечно да ја канализира кон соочување со смртта на своето семејство. Симболично е тоа што првиот ден од нивниот престој се поклопува со роденденот на Дени. Ова сигнализира едно ново раѓање надвор од цивилизацијата во која таа беше третирана, главно од страна на Кристијан, како товар.

Другиот начин на којшто се прикажува жалоста на Дени е преку „монструозното-женско“. Културолошкиот концепт за монструозното-женско е осмислен од теоретичарката Барбара Крид и ги истражува и класифицира тропите на „женски чудовишта“ коишто ја симболизираат жената и женственото, најчесто во хорор филмовите. Midsommar изобилува со симболи и пораки коишто ја пренесуваат суштинската филозофија на култот Харга и неслучајно, најголемиот дел од нив се архаични поимања на женственоста. Од (не)суптилните симболи за женска сексуалност на сликите низ комуната; импозантното мајско дрво, до славењето на празникот Мидсомар и сезоната на жетва (плодноста), низ филмот се проткајани бројни симболи на монструозното-женско коешто кулуминира со шокантен филмски приказ на женскиот гнев. Можеби најексплицитниот меѓу нив е мајското дрво коешто наликува на превртен фалусен симбол или приказ на женскиот репродуктивен систем. Во секој случај, eдна од највпечатливите сцени од филмот е додека Дени и другите девојки од комуната танцуваат околу мајското дрво и ова е веројатно најјасниот предзнак за судбината на Кристијан. Целата сцена која трае можеби петнаесетина минути наликува на некакво сонливо мечтаење и кулминира со прогласувањето на Дени за Мајска кралица. Со ова, позицијата на Дени драстично со менува, а со тоа и нејзините постапки. 

Катарзата доаѓа кога Дени ќе го види Кристијан со девојка од Харга, сред обреден сексуален чин и очајно почнува да вика од болка. Другите девојки од комуната и се придружуваат и заедно формираат громогласен хор на страотни викотници и за првпат и дозволуваат на Дени да ја манифестира својата болка. Токму појавата на ваквото заедништво и реципроцитет ја канализира и оформува тагата на Дени – нешто коешто не ѝ беше дозволено претходно.

После бавното градење на приказната, филмот заслужено завршува катарзично со слики кои во еден организиран хаос ги поврзуваат сите претходни симболи и мотиви. Дени го осудува Кристијан на смрт и прекриена во цветови се насладува со неговата ужасна смрт. Со ова, конечно го гледаме изобличениот проток на емоции кај протагонистката и нејзиниот агенс. Според Барбара Крид (1993), „Од една страна, сликите коишто ја дефинираат жената како монструозна во релација со нејзината сексуалност го засилуваат фалоцентричното сфаќање дека женската сексуалност е абјектна. Од друга страна, поимот монструозното женско го оспорува гледиштето дека женственоста, по дефиниција, претставува пасивност.“ Гледано низ оваа призма, последниот чин претставува истапување од рамката на дејствување што е поставена од Кристијан, а во поширока смисла и општеството. 

И покрај тоа што филмот експлицитно говори за сектите и емотивната експлоатација во нивната основа, има многу што да се каже и за женскиот субјективен агенс во рамките на патријархалните норми и надвор од нив.  Филмот ни остава да одлучиме дали изразот на задоволство на лицето на Дени додека ја гледа смртта на Кристијан е свесна одмазда или лудост. Шекспировскиот ќилим од цвеќиња на Дени неодоливо потсеќа на сликите од познатата сцена од Кралот Лир, симболизирајќи лудост и микрокосмички хаос. Или можеби ќе помислите на Офелија, и нејзиниот невидлив букет којшто е израз на нејзината длабока тага и траума. Во секој случај, цвеќињата се постојано во прв план, зрачни и во полн цут.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Петрова
  • October 29, 2022
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото
Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции.
  • Од Марта Стевковска
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Керол Ен Дафи е годинешна добитничка на „Златниот венец“ на Струшки вечери на поезијата
Поезијата на Дафи е луцидна, остроумна, автентична (и настрана од помодните текови), проткаена со родово сензибилна црта, духовита деконструкција на родовите обрасци и разобличување на родовата асиметрија на моќта.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Симона Србиновска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Во фокус: Турција и Сирија
Бројот на жртви во Турциja и Сириjа е во постоjaн пораст.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феноменот на фемцел културата
Само уште еден тренд, штетно романтизирање или иронична и самосвесна критика? Елена Кузмановска пишува за фемцел трендот кој ги преплавува социјалните мрежи.
  • Од Елена Кузмановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Собир за одбележување 80 години од создавањето на АФЖ
Регионален настан за одбележување на 80 години од основањето на АФЖ инициран од феминистичките колективи од просторот на поранешна Југославија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тамара Стојаноска
  • ФЕМ 101
Дали знаеш?
Видео кампањата за подигање на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Последните моменти од одлуката Ро во една од најголемите клиники за абортус во Америка
Во клиника за абортус во Хјустон, ден на вознемиреност, конфузија и страв откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зад воланот
Ода за движењето, трансформациите и наоѓање засолниште во непостојаното 
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Косовските демонстранти бараат да се преземе акција по силувањето на 11-годишното девојче
Според Мрежата на жени во Косово, над 70% од случаите на сексуални напади и силувања во земјата се врз малолетни девојчиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Христина Иваноска
Овој петок, погледнете ја изложбата на уметницата Христина Иваноска, насловена „Документот кој недостига“, како дел од настанот Архиви на невидливите: „Македонка - Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Интуицијата како отелотворено знаење
Имам некое чувство што не можам да си го објаснам, но тука е.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)
  • Од Кристина Ивановска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram