Режија: Olivia Wild
Улоги: Kaitlyn Dever Beanie Feldstein
Времетраење: 142’
Земја: САД
Жанр: тин комедија
Во пресрет на својата матура, две најдобри другарки кои целото средно школо го посветиле на учење и подготовки за универзитет, сфаќаат дека можеби испуштиле други значајни искуства за разлика од своите врсници. Испаничени од ова сознание, Еми и Моли се обидуваат да соберат искуства од четири години во една ноќ што, секако, завршува неуспешно.
Бубалици е современ, мудар и прониклив coming-of-age филм, кој не запаѓа (целосно) во добро познатите стапици на стереотипни ликови, има одлично сценарио, хумор и свеж и искрен приказ на важноста на женските пријателства во средното училиште.