препорачува: Дарко Алексовски, визуелен уметник
Наслов: Un beau matin (One Fine Morning)
Режија: Mia Hansen-Løve
Играат: Léa Seydoux, Pascal Greggory, Melvil Poupaud
Земја: Франција, Германија
Времетраење: 112′
Жанр: драма, романса
Сандра е самохрана мајка која покрај преведувачката работа, времето го поминува во грижа за осумгодишната ќерка и нејзиниот татко со напредно невродегенеративно нарушување. Филмот – како еден исечок од животот без почеток, заплет и крај – се случува во фрустрирачка потрага по болници и домови за стари лица, како и комплицираната, неизвесна врска што ја започнува со пријател со кој се сретнува после неколку години.
Овој филм го гледав неодамна и го доживеав како бавна, исклучително топла и емпатична студија на интергенерациската врската помеѓу деца и родители. Го препорачувам заради ненаметливата и непретенциозна приказна во која не се случува ништо особено, освен секојдневниот живот, но и заради тоа што е фокусиран на внатрешниот живот на ликовите, без никакви непотребни визуелни и стилски решенија.