препорачува: Магда Ориѓанска, преведувачка
Наслов: Факинг Омол / Fucking Åmål (1998)
Режија: Лукас Модисонс
Играат: Александра Далстром, Ребека Лилјеберг, Ерика Карлсон
Земја: Шведска
Времетраење: 1ч. 29 мин.
Жанр: coming-of-age мелодрама
Приказната следи две тинејџерки во Омол, провинција во западниот дел на Шведска. Елин е убава, популарна, се има мувано со куп дечковци и умира од досада, чека да ѝ се случи нешто интересно, а Агнес е осамена, не се дружи со никој, депре е и тајно заљубена во Елин.
Овој филм беше една од лектирите за моето културолошко добредојде во Шведска. Особено ми е драг бидејќи ми ја скрши романтизираната слика за Стокхолм, Бергман, А. Линдгрен и слатките црвени куќички со бели прозори на зелени ливади. „Факинг Омол“ е универзална приказна за растењето и станувањето возрасен во тињата од ограниченост и нетолеранција на паланката, но и за тоа колку е важно човек да верува во себе и во тоа дека има право биде тоа што сака да биде.