Режија: Levan Akin
Улоги: Levan Gelbakhiani, Bachi Valishvili, Ana Javakishvili
Времетраење: 113’
Земја: Шведска, Грузија
Жанр: драма
Шведскиот режисер Levan Akin во својот филм „And then we danced“ го прикажува развојот на релацијата помеѓу двајца млади танчери на традиоционални грузијски танци. Филмот ја имаше својата премиера во Грузија во 2019 година, а поради истражувањето на квир теми, филмот наиде на значителен протест од конзервативните групи, како што се Грузискиот марш и Грузиската православна црква.
Филмот го следи Мераб (Леван Гелбакиани), талентиран танчер кој е специјализиран за грузиски традиционален танц, но според својот тренер за танц, тој не доволно манифестира сила и напнатост при танцувањето.
Позицијата на Мераб во оваа хипермажествена танцова група е дополнително проблематизирана кога го запознава енигматичниот новодојденец Иракли (Бачи Валишвили, „Херкулес“ на грузиски). Сексуалното будење на Мераб се истражува преку танцот. Како што ја прифаќа сопствената телесна комплексност, тој почнува да го менува начинот на кој танцува, движејќи се меко и нежно – спротивно на првичните очекувања на неговиот тренер.
Иако филмот во голема мера се занимава со односот помеѓу Мераб и Иракли, преку фокусот на танцувањето, се истражуваат и проблематизираат и традиционалните концепти за женственост и машкост, изразени преку телесноста.