Режија: Александар Ѓурчинов
Улоги: Неда Арнериќ, Столе Аранѓеловиќ, Дарко Дамески, Слободан Димитриевиќ, Диме Илиев
Времетраење: 91’
Земја: Македонија
Жанр: драма
Исправи се, Делфина е македонски филм од 1977 г., а е инспириран од вистински настан – препливувањето на каналот Ламанш од страна на македонската маратонска пливачка Атина Бојаџи. Самата Бојаџи чиј прекар бил „Охридскиот Делфин“, била соработничка на филмот и може да се забележи во една сцена.
Во фокусот на овој легендарен филм е тешкиот, но успешен, обид на пливачката Делфина да го преплива каналот Ла манш, додека се навраќа на настаните кои ја довеле до оваа мисија, која за неа е многу повеќе од само спортски подвиг. „Исправи се, Делфина“ е филм кој ќе ве прошета низ Метропол и Континентал, а преку дијалозите, музиката и костимите успешно ќе ве транспортира во 60тите години од минатиот век. Истовремено, темите за слободата на избор, загрозената телесната автономија, интимните жртви на една млада и храбра девојка, делуваат како да говорат верно и за нашето време.
Исправи се, Делфина е вонвременска приказна за женската снага да, и покрај сите околности, се застане на нозе.