Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФИЛМ
Кери (Carrie)
Oвој октомври нашите филмски препораки ќе бидат во доменот на хоророт, а со кој филм е посоодветно да се започне ако не со легендарниот Кери (Carrie) од 70тите.

Режија: Брајан Де Палма

Главни улоги:  Сиси Спејсек, Пајпер Лори, Су Снел

Времетраење: 98’

Земја: САД

Жанр: хорор, мистерија

Идејата дека хорор филмовите во голема мера ги експлоатираат и брутализираат жените е тема која е доста присутна во феминистички теории на филм. Во многу филмови од овој жанр, мизогинијата не само што е очигледна и деректна, туку и можеби е главната нишка која привлекува дел од публиката. Сепак, хорор филмот традиционално има и богата база на обожаватели кај женската публика, а бројни филмски критичар/к/и сметаат дека хорор жанрот има силен субверзивен потенцијал, и како таков, може да служи како одлична подлога за феминистички наративи. Веројатно како и кај секој друг жанр, постојат филмови кои ја потврдуваат првата теза, и такви кои одат во насока на втората.

Во секој случај, на многу начини, хорор филмовите доведуваат во прв план прашања кои инаку се заташкани во патријархалната култура. Баш поради тоа, овој октомври нашите филмски препораки ќе бидат во доменот на хоророт, а со кој филм е посоодветно да се започне ако не со легендарниот Кери (Carrie) од 70тите.

Филмот Кери претставува адаптација на хорор-романот на Стивен Кинг. Главната протагонистка е повлечената и чувствителна тинејџерка Кери Вајт (Сиси Спејсек), која се соочува со булинг од соучениците во средното школо, како и насилство од нејзината фанатично побожна мајка (Пајпер Лори).

По добивањето на првата менструација, околу Кери почнуваат да се случуваат чудни појави, па таа почнува да се сомнева дека има натприродни моќи. Откако е поканета на матурата од емпатичниот Томи Рос (Вилијам Кат), Кери се обидува дасе вклопи во средината, но работите на крајот добиваат мрачен и насилен тек.

Откако Кери на Стивен Кинг беше претставен на екранот во 1976 година, публиката почна да прифаќа женски ликови како главни улоги во хорор филмовите. За некои критичари, Кери можеби е претерано монструозна приказна, но нејзината монструозност може да се гледа и како израз на женската моќ, лутина и преземање на контрола.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • October 1, 2022
  • ФИЛМ
Малколм & Мари (Malcolm & Marie)
Клаустрофобична (анти) љубовна приказна, која ги отвора прашањата на дискрепанците на моќта, расата, неплатениот труд, автентичноста во уметноста и традиционалната улога на жената како муза.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Белешки за еден скандал (Notes on a Scandal)
„Белешки за еден скандал“ е филм за перверзната и декстурктивна моќ на осаменоста, желбата и зависта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Запознавајќи го човекот: Џејмс Болдвин во Париз (Meeting The Man: James Baldwin In Paris)
,,Светот ќе се промени, зашто мора да се промени.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Квин & Слим (Queen & Slim)
Квин и Слим е приказна за пријателството, солидарноста, неправдата и преживувањето, теми кои се одмотуваат додека во позадина вртат сонливи пејзажи и саундтрак кој е еднакво добар колку и филмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Вештерката (The Witch)
Ако не се сметате за фанови на хорор, ама сте фанови на феминистичките толкувања на вештерството, тогаш гледајте го „Вештерката“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Само љубовниците остануваат живи (Only Lovers Left Alive)
Необична вампирска приказна, чија носечка идеја е (парадоксот на) љубовта како противотров на егзистенцијалистичкиот ангст, стравот од загубата, отуѓеноста и уништувањето
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Небремена (Unpregnant)
Филмов е одличен избор ако coming of age жанрот ви е слабост, а според мене на одличен начин ја прикажува голготата низ која треба да помине една девојка за да добие абортус.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Последните диско денови (1998)
„Тие што не разбираа никогаш нема ни да разберат. Диското беше премногу добро и премногу забавно, за да исчезне засекогаш.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
3 Жени (3 Women)
Приказна за урбаната суровост и трауматичните ефекти на осаменоста.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Laurence Anyways
Оваа динамична мелодрама циркулира околу релациите, родот и љубовта со непопустлива преданост кон транзицијата и страдањето на главните ликови.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Двојниот живот на Вероника
Филм за интуиција, идентитет и љубов.
  • Од Калина Качоровска
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Бубалици (Booksmart)
Две најдобри другарки, кои целото средно школо го посветиле на учење и подготовки за универзитет, сфаќаат дека можеби испуштиле други значајни искуства за разлика од своите врсници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Зелениот зрак (Le Rayon Vert)
Во „Зелениот зрак”, Ерик Ромер ја доловува болката на летната тага низ човечна и нетенденциозна приказна за потрагата по себе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Сан Омер (Saint Omer)
Писателката Рама го следи рочиштето на Коли која е обвинета за убиство на својата ќерка под мистериозни околности.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Убаво момче (Beautiful Boy)
„Убаво момче“ го прикажува потресното искуство на преживување, рехабилитација, повраќање и лекување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Boyhood (2014)
Истовремено епски и интимен, Boyhood е нежно истражување на нештата, моментите и емоциите кои нè прават луѓе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Девствените самоубиства (The Virgin Suicides)
Во една (навидум) обична  куќа, во мирната, приградска Америка на 70-тите, живеат петте прекрасни Лизбон сестри.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Климакс (2018)
Симфонија на движења која полека се претвора во какофонија на хаосот додека група танчерите влегуваат во длабока психоза.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Тоа е грев (It’s a Sin)
Серија која нуди еден многу потребен, трогателен и болен поглед на раната борба со ХИВ вирусот во Велика Британија, недостатокот на информации и терапија, како и стравот од неизбежната судбина.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Aftersun (2022)
Моќен и топол портрет на кревката релација помеѓу еден млад татко и неговата 11-годишна ќерка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Базен (La Piscine)
Навидум среќен пар живее во позајмена вила во близина на Сен Тропе. Идилата завршува кога нивниот заеднички пријател ќе се појави со својата прекрасна 18-год ќерка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Љубовната вештерка (The Love Witch)
„Љубовната вештерка“ оддава почит на техниколор филмовите, но не наликува на ништо снимено во последните дваесет години.
  • Од Калина Качоровска
  • ФИЛМ
Жената на францускиот поручник (The French Lieutenant’s Woman)
Филмот ја прикажува заробеноста на главните ликови во социјалните конвенции на едно историско време и комплексноста на слободата и преиспишувањето на сопствениот идентитет вон тие границите.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Маргаритки (Sedmikrásky)
Две тинејџерки кои го носат името Марија (Jitka Cerhová и Ivana Karbanová) решаваат дека штом светот е расипан, не им преостанува ништо друго освен и тие да бидат расипани.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Кабаре (Cabaret)
Во 1931 во Берлин, амбициозниот писател Брајан Робертс се вљубува во кабаретската пејачка Сали Боулс.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Настан (L’événement)
Потресна и автентична драма која ја нагласува потребата од безбеден пристап до легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
И мајка ти исто така (Y tu mamá también)
Несвојствена љубовна приказна е трогателен поглед на човечката желба и приказ на сите различни релации кои можат да нè потресат и променат.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Licorice Pizza
Филмот прикажува една жива, неуредна приказна за адолесценцијата која ја рефлектира типичната младешка лудост и смелост.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Одмазди се (Do revenge)
Дали на повидок е тин-класик за денешните тинејџери од калибарот на „Clueless“ или „Mean girls? Ние мислиме не.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Том на фармата (Tom à la Ferme)
Стилизиран портрет на садомазохистичката привлечноста на „машкоста“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Портрет на жената во огнот (Portrait of a lady on fire)
Со оглед на тоа што во периодот кој доаѓа ќе поминуваме повеќе време по дома, решивме да започнеме со нова рубрика: Филм на неделата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Lovers Rock (2020)
Домашна забава за младата јамајканска заедница во Лондон во раните 80-ти.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Шива бејби (Shiva Baby)
Даниел оди на нечија Шива со родителите каде ги сретнува нејзиниот „sugar daddy“ и нејзината поранешна девојка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Девојка што ветува (Promising Young Woman)
Еден од подобрите филмови во 2020 и совршен за убаво заокружување на оваа мачна година.
  • Од Калина Качоровска

Момент...

No more pages to load

1 2 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram