препорачува: Павла Бањац, преведувачка, филмска критичарка и новинарка во Филмоскопија, Србија
Наслов: The Swamp (La Ciénaga)
Режија: Lucrecia Martel
Играат: Mercedes Morán, Graciela Borges, Martín Adjemián
Земја: Аргентина
Времетраење: 103′
Жанр: драма
Лето е. Почетната сцена прикажува возрасни тела, потемнети и збрчкани од години и години сончање, како се топат на нивните лежалки, а пијалоците се лизгаат од испотените раце распоредени во совршена, но сепак хаотична mise-en-scène. Доаѓа бура (или можеби не?). Базенот не е исчистен со недели. Оддалеку се слушаат истрели. Жена се лизга и ја крши чашата со пијалок.
Ѕвонењето, грмотевиците, истрелите од огнено оружје и повремената крвава рана, заедно со паничните крикови го создаваат филмскиот саундтрак кој целосно се потпира на секојдневните закани кои се целосно надвор од нашата контрола.
Сè во овој филм изгледа ван контрола, особено родителска. Има десетици ликови во раната младост оставени сами на себе, бидејќи нивните родители или лежат ранети во кревет, се премногу послушни или премногу рамнодушни за да реагираат. Младите тела се топат во заеднички кревети, се топат во досада, се топат во желбата еден кон друг, кон било што…
Меѓутоа, константната досада и топлина конечно се прекинати кон самиот крај на филмот, кога конечно ќе се расплетка беспрекорната пропаст што си поигрува со нашите внатрешни стравови во последните два часа, ставајќи му крај на мачењето.