препорачува: Калиа Димитрова, уредничка на Медуза
Режија: Ањес Варда
Играат: Вива, Ширли Кларк, Џејмс Радо, Џером Рањи
Времетраење: 113‘
Земја: САД, Франција
Жанр: Драма, романса, авто-фикција (?)
Во оваа заводлива flower-power приказна, која си игра со границите помеѓу филмот и реалноста, се истражува политичкиот потенцијал на слободната љубов и уметноста, преку односот на глумицата Вива (позната по андергроунд филмовите на Ворхол) со нејзините двајца пријатели/љубовници/цимери (креаторите на фамозниот мјузикал „Коса“), како и нивната гостинка од Њујорк – Ширли Кларк, која доаѓа со цел да сними филм за тогашниот Холивуд.
Дејството во најголема мера се случува во огромната сончева и сонлива вила на падините на Холивуд, каде се чини дека времето стои, а слободната љубов не е концепт, туку природен начин на живот.
Сепак, суровата реалност, растечката тензија на доцните 60ти и смртта на Америка (доминатно претставена преку смртта на Кенеди) упорно ѕвони и ги задрмува (буди?) ликовите, кои се подзаспани и затскриени зад навидум новиот, револуционирен модел на живот, кој во дадените околности се чини целосно аполитичен, неодржлив и отсечен од реалноста.