Режија: Catherine Corsini
Улоги: Cécile de France, Izïa Higelin
Времетраење: 106’
Земја: Франција, Белгија
Жанр: драма, романса, ЛГБТ+
Во 1971, Керол и Делфин се запознаваат и се вљубуваат една во друга. Делфин, ќерка на фармери, се сели во Париз за да се ослободи од стегите на семејството и да се здобие со финансиска независност. Керол е Парижанка која е активно вклучена во борбата на феминистичкото движење.
Нивната врска одлично се развива сѐ до моментот кога Делфин треба да оди на поседок дома. Керол решава да ѝ се придружи на семејната фарма, но и двете сфаќаат дека на село сѐ уште нема место (и прифаќање) за лезбејството и феминизмот.
Она по што филмот се разликува од останатите coming-of-age лезбејски приказни е тоа што централната романса ја третира како нормална, и покрај ставовите на одредени ликови и периодот во кој се одвива дејството. Се разликува и начинот на кој се снимени и едитирани секс сцените (наспроти други скорешни филмови како „Сината е најтоплата боја”, на пример). Наместо вештачки креирана возбуда снимена низ „машкиот поглед“, Корзини успева да прикаже еден автентичен и зрел еротизам.