Режија: Joachim Trier
Улоги: Renate Reinsve, Anders Danielsen Lie, Herbert Nordrum
Времетраење: 127’
Земја: Норвешка
Жанр: мрачна романтична комедија-драма
„Најлошата личност на светот“ на Јоаким Трир ја истражува милениумската несигурност низ очите на Јулија (Renate Reinsve), неодлучна девојка во доцните дваесетти која неколкупати ја менува кариерата и запаѓа во романса осудена на пропаст сè додека не успее да најде минливи моменти на радост низ низа емотивните пресврти.
Филмот е поделен на 12 поглавја, пролог и епилог. Секое поглавје претставува некоја изискувачка преодна фаза од раната зрелост на Јулија и нејзините романтични врски. Извонредната глума на протагонистката го прави филмот магнетски привлечен во својата рефлективност, пред реализмот да им отстапи место на повремените надреални, стилизирани моменти на неизговорена магија и болка.
На повеќе начини, филмот дава концентрирана доза од тоа како изгледа и кое е чувството да се биде жив во последната половина од изминатава деценија, во очи на сериозни општествени пресврти, климатски промени, #MeToo движењето и cancel културата и усмешно ги доловува предизвиканите облаци на сеопфатна несигурност што истовремено ги движат и попречуваат милениумците како Јулија.