Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФИЛМ
Нема да бидеш сама (You Won’t Be Alone)
Во 19-ти век во Македонија, еден древен дух (волкојадката) ќе киднапира млада девојка по име Невена и ќе ја преобрази во вештерка.

Режија: Горан Столевски

Улоги: Сара Климоска, Noomi Rapace, Alice Englert, Anamaria Marinca, Carloto Cotta, Камка Тоциновски, Ирена Ристиќ, Верица Недеска

Времетраење: 109’

Земја: Австралија, Велика Британија, Србија

Жанр: фолк хорор, драма

Во 19-ти век во Македонија, еден древен дух (волкојадката) ќе киднапира млада девојка по име Невена и ќе ја преобрази во вештерка.

Љубопитна за животот како човек, младата вештерка случајно открива дека може да го живее животот ползувајќи се со туѓа кожа. Разгорувајќи ја својата љубопитност, таа продолжува да ја користи оваа ужасна моќ за да разбере што значи да се биде човек.

Дебитантскиот филм на македонскиот режисер Горан Столевски е егзистенцијална фолк хорор приказна во која тој успева да направи длабинска анализа на прашањата за полот, родот, телесноста и битието. Во анализа на Гардијан, за Столевски се вели дека поседува „извонреден увид и емпатија“, во филм кој „си поигрува со бајковидна фантанзија и ужасен телесен хорор… создавајќи нешто што не може да се дефинира, нешто досега невидено“. 

„Нема да бидеш сама“ беше премиерно прикажан на Sundance, а неодамна и кај нас, на Cinedays.

 

 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • July 23, 2022
  • ФИЛМ
Тоа е грев (It’s a Sin)
Серија која нуди еден многу потребен, трогателен и болен поглед на раната борба со ХИВ вирусот во Велика Британија, недостатокот на информации и терапија, како и стравот од неизбежната судбина.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Настан (L’événement)
Потресна и автентична драма која ја нагласува потребата од безбеден пристап до легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Девојка што ветува (Promising Young Woman)
Еден од подобрите филмови во 2020 и совршен за убаво заокружување на оваа мачна година.
  • Од Калина Качоровска
  • ФИЛМ
Телма и Луиз (Thelma & Louise)
Овој култен филм е пресвртница за тоа како треба да се прикажуваат женските акциони хероини во Холивуд.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Жената на францускиот поручник (The French Lieutenant’s Woman)
Филмот ја прикажува заробеноста на главните ликови во социјалните конвенции на едно историско време и комплексноста на слободата и преиспишувањето на сопствениот идентитет вон тие границите.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Орландо (Orlando)
Базиран на истоимениот роман на Вирџинија Вулф (посветен на нејзината љубовница Вита Вест Секвил), филмот ја тематизира перформативната улога на родот, неговата театралност, апсурдност и арбитрарност
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
И тогаш танцувавме (And then we danced)
Страсна coming-of-age приказна од Тбилиси.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Јас, Тоња (I, Tonya)
Базиран на вистински настани од минатото, филмот се обидува на креативен начин, да ја претстави сложената слика за животот и кариерата на Тоња Хардинг.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
She’s Beautiful When She’s Angry
Како е започнат вотриот феминистички бран и зошто тие победи се релеватни за нас денес?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Laurence Anyways
Оваа динамична мелодрама циркулира околу релациите, родот и љубовта со непопустлива преданост кон транзицијата и страдањето на главните ликови.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Белешки за еден скандал (Notes on a Scandal)
„Белешки за еден скандал“ е филм за перверзната и декстурктивна моќ на осаменоста, желбата и зависта.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Жената лубеница (The Watermelon Woman)
Филм за комплексните релации помеѓу расата, полот и сексуалноста.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Жената е жена (Une femme est une femme)
Преку судирот со стереотипните етикети кои им се налепени на женските субјекти во филмот (жртва, неодлучна, плачка, маж-во-обид), Анжела останува да биде жена, но на свој начин.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Париз гори (Paris is burning)
Eсенцијална филмска лектира која зборува за солидарноста, заедништвото и уметноста, кои ги одржуваат квир заедниците и сè уште претставува еден од најавтентичните прикази на дрег културата. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Купе број 6 (Hytti nro 6)
Далеку од дома, Лаура почнува да развива едно колебливо пријателство со невообичаеното момче со кое го дели купето, рударот Љоха.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Малколм & Мари (Malcolm & Marie)
Клаустрофобична (анти) љубовна приказна, која ги отвора прашањата на дискрепанците на моќта, расата, неплатениот труд, автентичноста во уметноста и традиционалната улога на жената како муза.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Најлошата личност на светот (Verdens verste menneske)
„Најлошата личност на светот“ на Јоаким Трир ја истражува милениумската несигурност низ очите на Јулија, неодлучна девојка во доцните дваесетти.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Базен (La Piscine)
Навидум среќен пар живее во позајмена вила во близина на Сен Тропе. Идилата завршува кога нивниот заеднички пријател ќе се појави со својата прекрасна 18-год ќерка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Збогум Амор (Farewell Amor)
Отуѓени едни од други, странци кои единствено ги спојува заедничката траума на разделбата, филмот ги следи протагонистите додека тие се обидуваат да ја обноват релацијата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
3 Жени (3 Women)
Приказна за урбаната суровост и трауматичните ефекти на осаменоста.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Маргаритки (Sedmikrásky)
Две тинејџерки кои го носат името Марија (Jitka Cerhová и Ivana Karbanová) решаваат дека штом светот е расипан, не им преостанува ништо друго освен и тие да бидат расипани.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Амонит (Ammonite)
филм за преобразувачката сила во неочекуваните судири со туѓинци чии патишта во некоја точка од животот се испресекуваат со нашиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Зелениот зрак (Le Rayon Vert)
Во „Зелениот зрак”, Ерик Ромер ја доловува болката на летната тага низ човечна и нетенденциозна приказна за потрагата по себе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Проаѓање (Passing)
Филмот следи две црни жени чија боја на кожа им дозволува да пројдат како бели и изборот кој им се наметнува.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Лето (La Belle Saison)
Во 1971, Керол и Делфин се запознаваат и се вљубуваат една во друга.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Двојниот живот на Вероника
Филм за интуиција, идентитет и љубов.
  • Од Калина Качоровска
  • ФИЛМ
Небремена (Unpregnant)
Филмов е одличен избор ако coming of age жанрот ви е слабост, а според мене на одличен начин ја прикажува голготата низ која треба да помине една девојка за да добие абортус.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Јас сум љубов ( I am love )
Ема ја напуштила Русија за да живее со сопругот во Милано, Италија, од каде тој потекнува. Сега, дел од моќно индустриско семејство, таа е почитувана мајка на три деца, но се чувствува неисполнето.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Бубалици (Booksmart)
Две најдобри другарки, кои целото средно школо го посветиле на учење и подготовки за универзитет, сфаќаат дека можеби испуштиле други значајни искуства за разлика од своите врсници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Хранителка (Breadwinner)  
Инспиративна анимирана приказна за моќта на приказните да ни влеат надеж и во најтемните времиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Љубовната вештерка (The Love Witch)
„Љубовната вештерка“ оддава почит на техниколор филмовите, но не наликува на ништо снимено во последните дваесет години.
  • Од Калина Качоровска
  • ФИЛМ
Licorice Pizza
Филмот прикажува една жива, неуредна приказна за адолесценцијата која ја рефлектира типичната младешка лудост и смелост.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Среќни заедно (Happy Together)
Една од најинтензивните романси на филмското платно од 90тите
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Квин & Слим (Queen & Slim)
Квин и Слим е приказна за пријателството, солидарноста, неправдата и преживувањето, теми кои се одмотуваат додека во позадина вртат сонливи пејзажи и саундтрак кој е еднакво добар колку и филмот.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram