Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФИЛМ
Оган на љубовта (Fire of Love)
Филм за љубовниот триаголник помеѓу француските вулканолози Катја и Морис и нивната љубов кон вулканите.

Режија: Sara Dosa

Наратор: Miranda July

Времетраење: 93’

Земја: САД

Жанр: документарец

Катја и Морис Крафт беа заљубени во две нешта – еден во друг и во вулканите. Преку две децении, смелите француски вулканолози беа заведени од возбудата и опасноста на овој елементарен љубовен триаголник.

Во филмот го гледаме парот како талка по планетата, гонејќи вулкански ерупции и документирајќи ги своите откритија. На крајот, Катја и Морис ги губат животите во вулканска експлозија во 1991 година, оставајќи во наследство книги, филмови и информации што засекогаш го збогатија нашето знаење за природниот свет.

Режисерката Сара Доса и нејзиниот тим на монтажери прегледале преку 250 часа архивски снимки направени од експедициите на Катја и Морис – Катја фотографира, а Морис снима – за да ја создадат оваа поетична прослава на експлозивниот дух на храбрите научници. 

Како што забележува Matt Zoller Seitz за Roger Ebert: „Нивната заедничка работа не само што произведе мноштво неверојатни слики што можат бескрајно да се преработуваат и да се користат за различни намени, туку и му нуди цела една галерија на метафори за љубовта, страста, опсесијата и посветеноста на секој иден филмаџија кој би се обидел одново да ја раскаже нивната приказна“.

„Оган на љубовта“ е приказна за исконскиот циклус на создавање и уништување на Земјата. Тој е ода за бестрашното впуштање во непознатото, за желбата да се разберат овие геолошки феномени и срцебиењето на земјата. „Разбирањето е второто име на љубовта,“ се вели во филмот.

И покрај тоа што се работи за документарец кој пред сè ја естетизира бестрашноста на овој пар и во умерена доза ја романтизира нивната релација*, „Оган на љубовта“ сепак говори за човечката маленкост и понизноста која ја чувствуваме пред грандиозноста на природата која не ја разбираме во целост. Пред самиот крај, филмот ја отвара и темата за улогата на геолозите во обидот за спречување на природните катастрофи и одговорноста на властите да не ги занемаруваат нивните предупредувања за евакуација. 

* За подетален и научно научно базиран документарец за вулканите низ светот погледнете го Into the Inferno (2016) на Werner Herzog или неговиот The Fire Within (2022).

 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • April 9, 2023
  • ФИЛМ
Персеполис
Приказна за начинот на кој политичката опресија директно влијае на женските тела и животи
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Lovers Rock (2020)
Домашна забава за младата јамајканска заедница во Лондон во раните 80-ти.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Проаѓање (Passing)
Филмот следи две црни жени чија боја на кожа им дозволува да пројдат како бели и изборот кој им се наметнува.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Окја
Сатиричен и (на моменти) хаотичен филм, кој освен што е забавен за гледање, праќа силна порака против корпоративната алчност
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Лето (La Belle Saison)
Во 1971, Керол и Делфин се запознаваат и се вљубуваат една во друга.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Хранителка (Breadwinner)  
Инспиративна анимирана приказна за моќта на приказните да ни влеат надеж и во најтемните времиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Добредојдовте (Welcome)
Филм кој успева да нè измести од нашиот комфорен простор.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Таа кажа (She Said)
Преку истражувачката работа на протагонистките и нивната комуникација со повеќебројни жртви на Харви, станува јасно колку е тешко да се скрши тишината поврзана со сексуалното вознемирување и насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Убаво момче (Beautiful Boy)
„Убаво момче“ го прикажува потресното искуство на преживување, рехабилитација, повраќање и лекување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Небремена (Unpregnant)
Филмов е одличен избор ако coming of age жанрот ви е слабост, а според мене на одличен начин ја прикажува голготата низ која треба да помине една девојка за да добие абортус.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Принцезата Мононоке (Princess Mononoke)
Филм за конфликтот помеѓу природниот свет и индустријализацијата, прикажан низ два женски ликови.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Laurence Anyways
Оваа динамична мелодрама циркулира околу релациите, родот и љубовта со непопустлива преданост кон транзицијата и страдањето на главните ликови.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Јас сум љубов ( I am love )
Ема ја напуштила Русија за да живее со сопругот во Милано, Италија, од каде тој потекнува. Сега, дел од моќно индустриско семејство, таа е почитувана мајка на три деца, но се чувствува неисполнето.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Кабаре (Cabaret)
Во 1931 во Берлин, амбициозниот писател Брајан Робертс се вљубува во кабаретската пејачка Сали Боулс.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Одмазди се (Do revenge)
Дали на повидок е тин-класик за денешните тинејџери од калибарот на „Clueless“ или „Mean girls? Ние мислиме не.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Расположени за љубов (In the Mood for Love)
Во Хонг Конг, 1962 год, секретарката г-ѓа Чан и новинарот г-дин Чау ќе ги зближи едно ненадејно откритие за нивните сопружници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Мустанг (Mustang)
Филмот го прикажува животот на пет млади сестри кои живеат со своите баба и дедо во едно сегрегирано турско селце низ секојдневните предизвици, проблеми и правила кои ја диригираат нивната младост.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Слугинката (The Handmaiden, 아가씨)
Филмот се справува со теми како женска сексуалност, семејно насилство, психолошка траума, љубов помеѓу две девојки, слобода и моќ
  • Од Калина Качоровска
  • ФИЛМ
Aftersun (2022)
Моќен и топол портрет на кревката релација помеѓу еден млад татко и неговата 11-годишна ќерка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Тоа е грев (It’s a Sin)
Серија која нуди еден многу потребен, трогателен и болен поглед на раната борба со ХИВ вирусот во Велика Британија, недостатокот на информации и терапија, како и стравот од неизбежната судбина.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Жената лубеница (The Watermelon Woman)
Филм за комплексните релации помеѓу расата, полот и сексуалноста.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Телма и Луиз (Thelma & Louise)
Овој култен филм е пресвртница за тоа како треба да се прикажуваат женските акциони хероини во Холивуд.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Том на фармата (Tom à la Ferme)
Стилизиран портрет на садомазохистичката привлечноста на „машкоста“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Зелениот зрак (Le Rayon Vert)
Во „Зелениот зрак”, Ерик Ромер ја доловува болката на летната тага низ човечна и нетенденциозна приказна за потрагата по себе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Збогум Амор (Farewell Amor)
Отуѓени едни од други, странци кои единствено ги спојува заедничката траума на разделбата, филмот ги следи протагонистите додека тие се обидуваат да ја обноват релацијата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Венено (Veneno)
Венено ги следи сеќавањата на Кристина од нејзиното детство, траумата која ја претрпела, како научила да се справува со неа, и како ја креирала персоната која ѝ помага да преживее.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Рондо (1966)
Атмосферичен и интимен, Рондо ја внесува естетиката на модернистичкиот психолошки роман.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Ама јас сум навивачка (But I’m a Cheerleader)
Родителите на една all-American тинејџерка ја праќаат на конверзиона терапија поради сомнеж дека е лезбејка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Настан (L’événement)
Потресна и автентична драма која ја нагласува потребата од безбеден пристап до легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Само љубовниците остануваат живи (Only Lovers Left Alive)
Необична вампирска приказна, чија носечка идеја е (парадоксот на) љубовта како противотров на егзистенцијалистичкиот ангст, стравот од загубата, отуѓеноста и уништувањето
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Орландо (Orlando)
Базиран на истоимениот роман на Вирџинија Вулф (посветен на нејзината љубовница Вита Вест Секвил), филмот ја тематизира перформативната улога на родот, неговата театралност, апсурдност и арбитрарност
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Жената на францускиот поручник (The French Lieutenant’s Woman)
Филмот ја прикажува заробеноста на главните ликови во социјалните конвенции на едно историско време и комплексноста на слободата и преиспишувањето на сопствениот идентитет вон тие границите.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Те следи (It Follows)
Субверзивноста на „Те следи“ лежи во превртувањето на закоравените хорор наративи коишто ја демонизираат женската сексуалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Базен (La Piscine)
Навидум среќен пар живее во позајмена вила во близина на Сен Тропе. Идилата завршува кога нивниот заеднички пријател ќе се појави со својата прекрасна 18-год ќерка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Кери (Carrie)
Oвој октомври нашите филмски препораки ќе бидат во доменот на хоророт, а со кој филм е посоодветно да се започне ако не со легендарниот Кери (Carrie) од 70тите.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 3 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram