препорачува: Наталија Теодосиева, актерка
Наслов: Wasp
Режија: Андреа Арнолд
Играат: Натали Прес, Џоди Мичел
Времетраење: 26′
Земја на потекло: Британија
Жанр: краткометражен, драма
Во филмот „Оса” од 2003 година, режисерката Андреа Арнолд ни овозможува да го набљудуваме ликот на една самохрана мајка која се бори и со себе и со општеството за да опстанат и таа и нејзините четири гладни деца. Овој краток филм, носејќи длабока нарација во своето кратко времетраење, го хуманизира стереотипниот лик на лоша мајка.
Ваквите приказни, обично се раскажуваат така што го демонизираат неодговорниот и немарен родител, прикажувајќи го како морално корумпирана личност со плејада на постапки што што укажуваат на тоа дека е „лош” човек.
Ликот на Зои (Натали Прес) во оваа приказна несомнено го прави овој филм еден од моите омилени краткометражни дела, кој оддава траен впечаток и ги поттикнува гледачите да размислуваат и да имаат побисока емпатија кон туѓите борби.