препорачува: Кристина Леловац, актерка, изведувачка и кураторка на изведувачки уметности
Режија: Жозелин Саб (Jocelyne Saab)
Времетраење: 10 мин
Земја: Франција
Жанр: Документарен, краток
Документирајќи ги ужасите предизвикани од војните на Блискиот Исток во доцните 1970-ти и 1980-ти, новинарката и воена известувачка Џозефин Сааб стана централна фигура во арапската кинематографија, препознатлива по својата грижлива посветеност кон прогонетите, раселените, обесправените и сиромашните, но особено кон оние што се спротивставуваат и преживуваат.
Нејзиниот филм „Палестинските жени“ е краток след на прецизни и бритки кадри со кои таа ни ги приближува многуте женски лица на палестинскиот отпор против децениите угнетувања, узурпации, протерувања и масакри, кои денес кулминираат во геноцидот кој го следиме (за жал во главно ноншалантно) на екраните на нашите мобилни телефони.
Годинешниов Меѓународен ден на борбата за социјалната, економска и политичка рамноправност на жените – која во својата суштина е борба за поправичен, побезбеден… подобар свет, го посветуваме на палестинските жени чие страдање, но и автентичен отпор, нè обврзува нас кои се претставуваме како борки/ци за правата на жените, на ЛГБТИК+ луѓето, на децата, на етничките малцинства, на животните, како еко и урбани активист(к)и…, да се спротивставиме и на колонијализмот и империјализмот, кои со најбрутални средства ги приграбуваат и оние малку ресурси кои останаа на Земјата.