Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФИЛМ
Персеполис
Приказна за начинот на кој политичката опресија директно влијае на женските тела и животи
Режија: Marjane Satrapi, Vincent Paronnaud
Земја: САД, Франција
Времетраење: 96′
Жанр: Анимација, Драма, Биографија
Речиси шест месеци откако Амини беше убиена од страна на полицијата за морал, затоа што не беше облечена според моралниот код, огромен број жени во Иран одбиваат да носат хиџаб во знак на протест против опресивниот режим. Начинот на кој политичката опресија директно влијае на женските тела и животи е одлично прикажан во графичката новела и анимиран филм направен по истата автобиографска приказна „Персеполис“.

„Персеполис” е анимиран филм базиран на графичкиот роман на Марџан Сатрапи, каде преку нејзината интимна приказна за растењето и потрагата по простор за истражување и слобода, паралено се расплетува и приказната за политичката и социјалната реалност во Иран за време на и по Исламската револуција.

Филмот го следи растењето на Марџан од 6-годишно дете во бунтовна тинејџерка и панкерка, додека во заднината е прикажана растечката тензија во политичката клима во Иран во 70-тите и 80-тите години и катастрофалната војна со Ирак. Преку приказната во прво лице, учиме за  несекојдневното семејство на Марџан, стеснувањето на просторот за слободно изразување, како и тешката реалност на емиграцијата. „Персеполис” е истовремено приказна за растењето и потсетување за цената на војната и политичката репресија. Филмот зборува за тоа како да се продолжи напред и низ солзи и смеа да се погледне во лицето на апсурдот.

 


Ви прилог ја споделуваме и рецензијата на графичката новела Персеполис, од Светлана Слапшак, оргинално објавена на порталот Окно.

 

Марџан Сатрапи црта и пишува за речиси истите нешта како и Азар Насифи (Читање на Лолита во Техеран). Во обата случаи, станува збор за некаков град во кој краткиот период на нормалност повторно (засекогаш?) е прекинат од нов напад на крваво лудило.

Обете авторки денес се далеку од тоа место, и најверојатно никогаш нема да се вратат: дури и кога би било подобро, таму од каде си заминале секогаш ќе има доволно такви кои сметаат дека не треба да им се дозволи враќањето. Обете живееле во топлото гнездо на либерално граѓанско семејство, со книги, музика, хумор.

Со книгата на Азар Насифи имам колегијален однос, но стрип-романот на Марџан Сатрапи веќе неколку години е книгата под мојата перница. Тоа е така бидејќи комбинацијата слики и текст е покорозивна во сублимираната саркастична визија, а истовремено има нежна графичка врска со примероците персиски текстил – не везени, луксузни, туку „печатени“. А и поради тоа што никогаш не се заборава имагинарниот чист воздух околу Каспиското море, и мирисот на бабините гради, бидејќи во градникот става лисја од јасмин.

Ми одговара како авторките се напаѓани од совесните западни критичарки, замерувајќи им дека потекнуваат од повисоките граѓански слоеви: небаре тие, на запад, дишат заедно со работничката класа. Покрај тоа, тие се глупаво неблагодарни што обете авторки ги пишуваат своите дела директно на своите јазици. Културниот колонијализам го има и тоа лице, и единствениот излез навистина се наоѓа во иронијата.

Малата Марџан преживеала сè, и владеењето на иранскиот шах, и на ајатолахот Хомеини, и војната и бомбардирањето, а потоа за малку ќе починела на виенските улици бидејќи не можела да се прилагоди кон лицемерниот систем на прифаќање и отфрлање во ритамот на европоцентричната себичност.

Што е тоа што тешко може да се разбере? Главно, дека некоја девојка во некој стан во Техеран може да размислува за Маркс и за бог, бидејќи тоа не е само читање туку тема на разговорот во семејството и со семејните пријатели. Елитата на духот не е нешто што во коцкастите глави би можело да се поврзе со оддалеченоста, другоста, сиромаштијата, ризикот: ним отсекогаш им било тешко да ја сфатат другата, подолна, рапава и невидлива страна на тоталитарните режими, без разлика дали станува збор за субкултурата или дисидентството. Во културите од кои на главите ни се излива лепливата маса производи со божиќни семејни средби и други слични семејни вредносни бљувотини, тешко е да се разбере граѓанското семејство кое патријахалноста ја користи како штит за заштита на внатрешниот живот. Токму таа техника на меур ги спасува техеранските девојки – не мнозинството – од грозотиите преку куќниот праг, кој, патем, и не е некоја заштита во тој свет.

Во Персеполис (сарказмот почнува уште од насловот) популарната светска култура добива вистински димензии: што се ABBА, панкот и Мајкл Џексон ако нивната очигледна тупавост не е во состојба на другиот крај од светот да предизвика отпор? Ништо. Дури во Техеран ја добиваат смислата, достоинството, причината за постоење. Техеранската перспектива е нужна за разбирање на светот, но цената е превисока. Токму затоа не сакам да запаѓам во очајување поради тоталитаризмот и со тоа да ги потценам жртвите, а истовремено да ја зачувам скаменетата формула според која жртвата може да зборува само мртво сериозно, со што е можно помалку амбивалентност, пресврти, речиси никогаш од иронична перспектива.

Персеполис никако не треба да се чита како повратна универзална слика – како, демек, ете, насекаде било исто во пубертетот, влакната растат каде што не треба, „дури и таму“: напротив, универзалната баналност треба да се сврти како ракавица и да се погледнат шевовите: зошто универзалната пубертетлика би умрела на друго место и во друга култура ако сè е исто? Зошто нејзините културни референци, плод на нејзиното знаење и системот во кој го добила, мораат да предизвикуваат нелагодност, иако се сосем точни и правилно употребени? Зошто речиси секој во контактот со неа покажува желба да ја искористи, да ја оддалечи или барем да ја прикрие нејзината исклучителност?

Бидејќи тоа треба да го претставува стереотипизираниот колектив, а не себе си, единствена, забавна и талентирана. Читајќи го Персеполис „наопаку“, ја отвораме бездната на културниот колонијализам кој е агресивно универзализирачки.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • March 26, 2023
  • ФИЛМ
Најлошата личност на светот (Verdens verste menneske)
„Најлошата личност на светот“ на Јоаким Трир ја истражува милениумската несигурност низ очите на Јулија, неодлучна девојка во доцните дваесетти.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Телото на Џенифер (Jennifer’s Body)
Одмаздничка фантазија која ја осветлува насилната машка овластеност и се осврнува на женското пријателство, желба и сексуалното експериментирање.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Окја
Сатиричен и (на моменти) хаотичен филм, кој освен што е забавен за гледање, праќа силна порака против корпоративната алчност
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Сан Омер (Saint Omer)
Писателката Рама го следи рочиштето на Коли која е обвинета за убиство на својата ќерка под мистериозни околности.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Јас сум љубов ( I am love )
Ема ја напуштила Русија за да живее со сопругот во Милано, Италија, од каде тој потекнува. Сега, дел од моќно индустриско семејство, таа е почитувана мајка на три деца, но се чувствува неисполнето.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Само љубовниците остануваат живи (Only Lovers Left Alive)
Необична вампирска приказна, чија носечка идеја е (парадоксот на) љубовта како противотров на егзистенцијалистичкиот ангст, стравот од загубата, отуѓеноста и уништувањето
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Убаво момче (Beautiful Boy)
„Убаво момче“ го прикажува потресното искуство на преживување, рехабилитација, повраќање и лекување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Исправи се, Делфина
Исправи се, Делфина е вонвременска приказна за женската снага да, и покрај сите околности, се застане на нозе.  
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Венено (Veneno)
Венено ги следи сеќавањата на Кристина од нејзиното детство, траумата која ја претрпела, како научила да се справува со неа, и како ја креирала персоната која ѝ помага да преживее.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Климакс (2018)
Симфонија на движења која полека се претвора во какофонија на хаосот додека група танчерите влегуваат во длабока психоза.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Базен (La Piscine)
Навидум среќен пар живее во позајмена вила во близина на Сен Тропе. Идилата завршува кога нивниот заеднички пријател ќе се појави со својата прекрасна 18-год ќерка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Орландо (Orlando)
Базиран на истоимениот роман на Вирџинија Вулф (посветен на нејзината љубовница Вита Вест Секвил), филмот ја тематизира перформативната улога на родот, неговата театралност, апсурдност и арбитрарност
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Жената на францускиот поручник (The French Lieutenant’s Woman)
Филмот ја прикажува заробеноста на главните ликови во социјалните конвенции на едно историско време и комплексноста на слободата и преиспишувањето на сопствениот идентитет вон тие границите.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Квин & Слим (Queen & Slim)
Квин и Слим е приказна за пријателството, солидарноста, неправдата и преживувањето, теми кои се одмотуваат додека во позадина вртат сонливи пејзажи и саундтрак кој е еднакво добар колку и филмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
И тогаш танцувавме (And then we danced)
Страсна coming-of-age приказна од Тбилиси.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Двојниот живот на Вероника
Филм за интуиција, идентитет и љубов.
  • Од Калина Качоровска
  • ФИЛМ
Жената лубеница (The Watermelon Woman)
Филм за комплексните релации помеѓу расата, полот и сексуалноста.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Рондо (1966)
Атмосферичен и интимен, Рондо ја внесува естетиката на модернистичкиот психолошки роман.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Амонит (Ammonite)
филм за преобразувачката сила во неочекуваните судири со туѓинци чии патишта во некоја точка од животот се испресекуваат со нашиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Запознавајќи го човекот: Џејмс Болдвин во Париз (Meeting The Man: James Baldwin In Paris)
,,Светот ќе се промени, зашто мора да се промени.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Одмазди се (Do revenge)
Дали на повидок е тин-класик за денешните тинејџери од калибарот на „Clueless“ или „Mean girls? Ние мислиме не.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Laurence Anyways
Оваа динамична мелодрама циркулира околу релациите, родот и љубовта со непопустлива преданост кон транзицијата и страдањето на главните ликови.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Клубот на првите жени (1996)
Тоа што започнува како класичен одмазднички филм, се претвора во приказна за наоѓање сила и енергија за новите почетоци. Баш поради ова „Клубот на првите жени“ е guilty pleasure коe дефинитивно може да си го дозволиме во јануари.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Aftersun (2022)
Моќен и топол портрет на кревката релација помеѓу еден млад татко и неговата 11-годишна ќерка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Среќни заедно (Happy Together)
Една од најинтензивните романси на филмското платно од 90тите
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Малколм & Мари (Malcolm & Marie)
Клаустрофобична (анти) љубовна приказна, која ги отвора прашањата на дискрепанците на моќта, расата, неплатениот труд, автентичноста во уметноста и традиционалната улога на жената како муза.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
В.Р. – Мистериите на организмот
„Смрт на машкиот фашизам, слобода на женскиот народ“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Кабаре (Cabaret)
Во 1931 во Берлин, амбициозниот писател Брајан Робертс се вљубува во кабаретската пејачка Сали Боулс.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Настан (L’événement)
Потресна и автентична драма која ја нагласува потребата од безбеден пристап до легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Мустанг (Mustang)
Филмот го прикажува животот на пет млади сестри кои живеат со своите баба и дедо во едно сегрегирано турско селце низ секојдневните предизвици, проблеми и правила кои ја диригираат нивната младост.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Последните диско денови (1998)
„Тие што не разбираа никогаш нема ни да разберат. Диското беше премногу добро и премногу забавно, за да исчезне засекогаш.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Портрет на жената во огнот (Portrait of a lady on fire)
Со оглед на тоа што во периодот кој доаѓа ќе поминуваме повеќе време по дома, решивме да започнеме со нова рубрика: Филм на неделата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Алиса повеќе не живее тука (Alice Doesn’t Live Here Anymore)
Откако ќе ѝ почине сопругот со кого живеела во отуѓен брак, Алиса решава да започне нов живот со својот 11-годишен син.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Ама јас сум навивачка (But I’m a Cheerleader)
Родителите на една all-American тинејџерка ја праќаат на конверзиона терапија поради сомнеж дека е лезбејка.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 3 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram