PORTRAIT OF A LADY ON FIRE

Со оглед на тоа што во периодот кој доаѓа ќе поминуваме повеќе време по дома, решивме да започнеме со нова рубрика: Филм на неделата.

portrait-of-a-lady-on-fire-2019-009-adele-haenel-posing-with-noemie-merlant_0

Режија: Céline Sciamma
Улоги: Noémie Merlant, Adèle Haenel, Luàna Bajrami, Valeria Golino
Времетраење: 122′
Земја: Франција
Жанр: Драма, романса

 

Оваа недела го препорачуваме Портрет на жената во огнот (Portrait of a lady on fire). Филмот ни прикажува љубовна приказна која се случува во Франција во 1770, помеѓу две жени: Елоиз која се мажи против својата волја и сликарката Мариен која е платена да ѝ направи сведбен портет. Филмот го пренесува зближувањето на двете жени во кратко проживеаната слобода пред свадбата. Режисерката Céline Sciamma го гледа филмот како манифесто на женскиот поглед (“manifesto about the female gaze”). Приказната е раскажана преку внимателно снимените лица на протагонистиките, нивните изрази, кадри одблиску, суптилна или драматична светлина. Сепак, дури и без да ги покажува мажите, Sciamma ги доловува различните начини на кој животите на протагонистките се под строго влијание на патријархалните норми.

 

 

 

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

Mar 11, 2020

Коментари
Scroll to Top