Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФИЛМ
Последици (The Fallout)
Филм кој го слави пријателството, неговата исцелителна моќ и потенцијал да ни помогне да го цениме и уживаме животот, дури и кога ни се чини дека немаме причини за живот. 

Режија: Меган Парк

Улоги: Цена Ортега, Меди Зиглер

Времетраење: 92’

Земја: САД

Жанр: драма, coming-of-age

 

 

Вада (Џена Ортега) е повлечена средношколка со мал круг на пријатели и воспоставен начин на живот која еден школски ден ќе се најде во групата ученици кои преживуваат масовно пукање од страна на непознато лице.

Втурната во нова и непозната состојба, со нови пријателства создадени под ненадејни и трагични околности, Вада почнува да се реобмислува себеси и да ги преиспитува своите односи со семејството, пријателите и сопствениот поглед на светот.

Оддалечувајќи се од својата удобна семејна рутина, таа почнува да ризикува со низа, за неа, несвојствени одлуки кои ги тестираат нејзините граници и емотивни хоризонти. Нејзина сопатничка во животот по соочувањето со смртта станува средношколката Миа (Меди Зиглер), а како што тие стануваат поблиски, гледаме како полека успеваат да се одалечат од трагичниот настан и да се осмелат повторно да бидат дел од светот.

„Последици“ (2021) е филм кој на непосреден и ненаметлив начин успева да искомуницира една болна и важна политичка тема, додека младата актерска екипа е убедлива во носењето на мноштвото комплексни емоции кои доаѓаат со преживувањето на колективната траума. Финално, ова е и филм кој го слави пријателството, неговата исцелителна моќ и потенцијал да ни помогне да го цениме и уживаме животот, дури и кога ни се чини дека немаме причини за живот.

 

 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • September 4, 2022
  • ФИЛМ
Квин & Слим (Queen & Slim)
Квин и Слим е приказна за пријателството, солидарноста, неправдата и преживувањето, теми кои се одмотуваат додека во позадина вртат сонливи пејзажи и саундтрак кој е еднакво добар колку и филмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Жената на францускиот поручник (The French Lieutenant’s Woman)
Филмот ја прикажува заробеноста на главните ликови во социјалните конвенции на едно историско време и комплексноста на слободата и преиспишувањето на сопствениот идентитет вон тие границите.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Хранителка (Breadwinner)  
Инспиративна анимирана приказна за моќта на приказните да ни влеат надеж и во најтемните времиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Алиса повеќе не живее тука (Alice Doesn’t Live Here Anymore)
Откако ќе ѝ почине сопругот со кого живеела во отуѓен брак, Алиса решава да започне нов живот со својот 11-годишен син.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Настан (L’événement)
Потресна и автентична драма која ја нагласува потребата од безбеден пристап до легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Јас сум љубов ( I am love )
Ема ја напуштила Русија за да живее со сопругот во Милано, Италија, од каде тој потекнува. Сега, дел од моќно индустриско семејство, таа е почитувана мајка на три деца, но се чувствува неисполнето.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Венено (Veneno)
Венено ги следи сеќавањата на Кристина од нејзиното детство, траумата која ја претрпела, како научила да се справува со неа, и како ја креирала персоната која ѝ помага да преживее.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Најлошата личност на светот (Verdens verste menneske)
„Најлошата личност на светот“ на Јоаким Трир ја истражува милениумската несигурност низ очите на Јулија, неодлучна девојка во доцните дваесетти.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
В.Р. – Мистериите на организмот
„Смрт на машкиот фашизам, слобода на женскиот народ“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Само љубовниците остануваат живи (Only Lovers Left Alive)
Необична вампирска приказна, чија носечка идеја е (парадоксот на) љубовта како противотров на егзистенцијалистичкиот ангст, стравот од загубата, отуѓеноста и уништувањето
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Laurence Anyways
Оваа динамична мелодрама циркулира околу релациите, родот и љубовта со непопустлива преданост кон транзицијата и страдањето на главните ликови.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Базен (La Piscine)
Навидум среќен пар живее во позајмена вила во близина на Сен Тропе. Идилата завршува кога нивниот заеднички пријател ќе се појави со својата прекрасна 18-год ќерка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Небремена (Unpregnant)
Филмов е одличен избор ако coming of age жанрот ви е слабост, а според мене на одличен начин ја прикажува голготата низ која треба да помине една девојка за да добие абортус.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Те следи (It Follows)
Субверзивноста на „Те следи“ лежи во превртувањето на закоравените хорор наративи коишто ја демонизираат женската сексуалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Двојниот живот на Вероника
Филм за интуиција, идентитет и љубов.
  • Од Калина Качоровска
  • ФИЛМ
Кери (Carrie)
Oвој октомври нашите филмски препораки ќе бидат во доменот на хоророт, а со кој филм е посоодветно да се започне ако не со легендарниот Кери (Carrie) од 70тите.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Жената е жена (Une femme est une femme)
Преку судирот со стереотипните етикети кои им се налепени на женските субјекти во филмот (жртва, неодлучна, плачка, маж-во-обид), Анжела останува да биде жена, но на свој начин.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Клубот на првите жени (1996)
Тоа што започнува како класичен одмазднички филм, се претвора во приказна за наоѓање сила и енергија за новите почетоци. Баш поради ова „Клубот на првите жени“ е guilty pleasure коe дефинитивно може да си го дозволиме во јануари.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Маргаритки (Sedmikrásky)
Две тинејџерки кои го носат името Марија (Jitka Cerhová и Ivana Karbanová) решаваат дека штом светот е расипан, не им преостанува ништо друго освен и тие да бидат расипани.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Boyhood (2014)
Истовремено епски и интимен, Boyhood е нежно истражување на нештата, моментите и емоциите кои нè прават луѓе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Сè секаде сè наеднаш (Everything Everywhere All at Once)
Евелин е средовечна жена која е неволно понесена во луда авантура во која ги истражува паралелните универзуми и своите можни животи.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Добредојдовте (Welcome)
Филм кој успева да нè измести од нашиот комфорен простор.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Кабаре (Cabaret)
Во 1931 во Берлин, амбициозниот писател Брајан Робертс се вљубува во кабаретската пејачка Сали Боулс.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Принцезата Мононоке (Princess Mononoke)
Филм за конфликтот помеѓу природниот свет и индустријализацијата, прикажан низ два женски ликови.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Париз гори (Paris is burning)
Eсенцијална филмска лектира која зборува за солидарноста, заедништвото и уметноста, кои ги одржуваат квир заедниците и сè уште претставува еден од најавтентичните прикази на дрег културата. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Амонит (Ammonite)
филм за преобразувачката сила во неочекуваните судири со туѓинци чии патишта во некоја точка од животот се испресекуваат со нашиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
3 Жени (3 Women)
Приказна за урбаната суровост и трауматичните ефекти на осаменоста.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Ама јас сум навивачка (But I’m a Cheerleader)
Родителите на една all-American тинејџерка ја праќаат на конверзиона терапија поради сомнеж дека е лезбејка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Телото на Џенифер (Jennifer’s Body)
Одмаздничка фантазија која ја осветлува насилната машка овластеност и се осврнува на женското пријателство, желба и сексуалното експериментирање.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Јас, Тоња (I, Tonya)
Базиран на вистински настани од минатото, филмот се обидува на креативен начин, да ја претстави сложената слика за животот и кариерата на Тоња Хардинг.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Орландо (Orlando)
Базиран на истоимениот роман на Вирџинија Вулф (посветен на нејзината љубовница Вита Вест Секвил), филмот ја тематизира перформативната улога на родот, неговата театралност, апсурдност и арбитрарност
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Проаѓање (Passing)
Филмот следи две црни жени чија боја на кожа им дозволува да пројдат како бели и изборот кој им се наметнува.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Мустанг (Mustang)
Филмот го прикажува животот на пет млади сестри кои живеат со своите баба и дедо во едно сегрегирано турско селце низ секојдневните предизвици, проблеми и правила кои ја диригираат нивната младост.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Расположени за љубов (In the Mood for Love)
Во Хонг Конг, 1962 год, секретарката г-ѓа Чан и новинарот г-дин Чау ќе ги зближи едно ненадејно откритие за нивните сопружници.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 3 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram