Режија: Emma Seligman
Улоги: Rachel Sennott, Danny Deferrari, Molly Gordon
Времетраење: 77’
Земја: САД
Жанр: романса, комедија, автофикција
„Шива бејби“ е храбар инди филм и брилијантна комедија на режисерката Ема Селигман кој отскокнува од традиционалните coming-of-age наративи. Протагонистката Даниел, дваесет и нешто годишна студентка, повремено работи како сексуална работничка (sugar baby) за да заработи екстра кеш.
Филмот ја следи додека таа оди на нечија Шива – ден на жалост во еврејската традиција, налик погреб – со нејзините родители и неочекувано ги сретнува нејзиниот „sugar daddy“ и нејзината поранешна девојка помеѓу толпата семејни пријатели.
Даниел ги вовлекува гледачите во нејзината „комедија на грешки“ до таа мера што и тие почнуваат да ги чувствуваат паничните напади и да се препотуваат со неа. Самодеструктивната и цинична нишка, јасната самокритичност и општествената освестеност го прават овој лик толку забавен и лесен за поистоветување.