Режија: Sophie Hyde
Улоги: Emma Thompson, Daryl McCormack
Времетраење: 97’
Земја: Велика Британија
Жанр: драма, секс комедија
По три долги децении поминати во брак кој не ја исполнувал со човек кој не знаел да ја задоволи, вдовицата и поранешна наставничка по веронаука, Ненси Стоукс (Emma Thompson), собира храброст да излезе од нејзината комфор зона.
Без да знае што да очекува, стегнатата Ненси одлучува да ја истражи својата заспана сексуалност со тоа што ќе си плати дискретно сексуално искуство со шармантниот, љубезен и млад придружник Лео Гранде (Daryl McCormack).
Додека љубезниот и толерантен професионалец се обидува да открие што ѝ е потребно на Ненси, конфликтната наставничка се фаќа себеси како се бори со невидени емоции и мисли за своето тело и неизговорени желби. Но после сите овие години, дали Ненси ќе може да ја преземе контролата врз својот сексуален живот и да го добие посакуваното задоволство што го заслужува?