Режија: Amber Fares
Глумат: Marah Zahalka, Noor Daoud, Betty Saadeh, Rabab Haj Yahya
Времетраење: 78’
Земја: Палестина
Жанр: документарец
Во солидарност со палестинскиот народ, филмските предлози што следат ги насочуваме кон славење и воздигање на палестинскиот живот и култура сред нивно бесрамно, насилно и масивно бришење.
Speed Sisters се првиот женски тим во возење на тркачки автомобили на Средниот Исток. Освојувајќи ги насловните страни по импровизираните патеки низ Западниот Брег во окупирана Палестина, овие пет жени успеваат да излезат на крај со доминантно машката палестинска улична сцена на трки со автомобили. Раскажувајќи ги нивните животи на и надвор од тркачките патеки, Speed Sisters е приказна за тестирање на сопствените граници во свет кој постојано ве потценува.