препорачува: Ема Вељаноска, визуелна уметница
Наслов: The Substancе
Режија: Корали Фаржеа
Играат: Деми Мур, Маргарет Коли, Денис Квејд, Гор Абрaмс
Земја: САД
Времетраење: 2ч. 20мин.
Жанр: Хорор / Sci-fi
Честопати опишуван како највознемирувачкиот филм на годината, „Супстанцијата“ е сатиричен хорор кој длабински ги разработува темите за женскиот идентитет, стареењето и општествената опсесијата со младоста, а особено преку идејата дека жените имаат „рок на траење.“
Елизабет, фитнес-селебрити што се обидува да си ја врати младоста преку експериментален производ, го претставува страшниот притисок со кој се соочуваат жените во свет каде што нивната вредност се мери според младост и убавина. Хорор-елементите се само гротескна метафора за овие борби. Сцените во кои нејзиното тело буквално се распаѓа — нозе и заби паѓаат, кожата се цепи — ја отсликуваат болката на жените кои се чувствуваат како букално да се распаѓаат, откако ќе достигнат одредена возраст. Гледајќи како се распаѓа, ја почувствував тежината на овие очекувања.
Борбата на Елизабет, на брутален и крвав начин ја прикажува застрашувачката реалност: ние жените, принудени сме постојано и посекоја цена да се корегираме и трансформирмираме, како да сме предмети што треба да се поправат – за да останеме релевантни, посакувани и (дури и) човечни во очите на јавноста. За секоја жена што некогаш ја почувствувала тежината на стареењето или притисокот да се остане вечно и ендодимензионално убава, овој филм е и катарзичен и длабоко вознемирувачки. Дефинитивно вреди да се гледа.