Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФИЛМ
Таа кажа (She Said)
Преку истражувачката работа на протагонистките и нивната комуникација со повеќебројни жртви на Харви, станува јасно колку е тешко да се скрши тишината поврзана со сексуалното вознемирување и насилство.

Режија: Maria Schrader

Улоги: Carey Mulligan, Zoe Kazan, Patricia Clarkson

Времетраење: 129′

Земја: САД

Жанр: Драма

 

Во филмот „Таа кажа“ од 2022, базиран на вистински настани, новинарките на Њујорк Тајмс, Меган Тјухи и Џоди Кантор објавуваат сторија во која се разоткриваат наводите за сексуална злоупотреба против моќниот холивудски продуцент Харви Вајнштајн. Истата таа сторија служи и како отскочна даска за движењето #MeToo.

Наративот се обидува да балансира помеѓу истражувачката работа и праватниот живот на двете новинарки: Меган се бори со постпородилна депресија, додека Џоди е мајка на две мали деца. Додека филмот јасно ја покажува суштинската поддршка што и двете протагонистки ја добиваат од нивните сопрузи и уредници, не е докрај јасно како, со оглед на своите приватни околности, успевеат да го посветат речиси сето свое време на истражувачката сторија (постпородилната депресија со која се соочува Кантор е накратко прикажана на почетокот на филмот, а потоа некако е голтната од другите дејства во филмот).

Имајќи ја таа слабост предвид, „Таа кажа“ сепак успешно носи две клучни поенти низ наративот. Жртвите, стресот, храброста и посветеноста (често на сметка на сопственото [ментално] здравје) во сферата на истражувачкото новинарство се несомнени, а особено предизвикувачки кога станува збор за новинарки. Од друга страна, во моменталната системска поставеност, еднинствено таков вид на темелна истражувачка работа има потенцијал да обелодени насилство кое е системски овозможено, како што е и случајот со Вајнштајн. Преку истражувачката работа на протагонистките и нивната комуникација со повеќебројни жртви на Харви, станува јасно колку е тешко да се скрши тишината поврзана со сексуалното вознемирување и насилство и колку е важно да се истражуваат системите кои тоа го овозможуваат, а не само индивидуалните случаи. Вознемирувачки е да се размислува колку слични стории во врска со истиот човек биле замолечни пред оваа, а уште повознемирувачки е да се размислува за тоа колку е ретко да се даваат такви ресурси на долгорочен истражувачки проект. Кој ќе пишува за сите други Вајнштајни?

 

 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • March 5, 2023
  • ФИЛМ
Ама јас сум навивачка (But I’m a Cheerleader)
Родителите на една all-American тинејџерка ја праќаат на конверзиона терапија поради сомнеж дека е лезбејка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Лето (La Belle Saison)
Во 1971, Керол и Делфин се запознаваат и се вљубуваат една во друга.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
She’s Beautiful When She’s Angry
Како е започнат вотриот феминистички бран и зошто тие победи се релеватни за нас денес?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Бубалици (Booksmart)
Две најдобри другарки, кои целото средно школо го посветиле на учење и подготовки за универзитет, сфаќаат дека можеби испуштиле други значајни искуства за разлика од своите врсници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Кабаре (Cabaret)
Во 1931 во Берлин, амбициозниот писател Брајан Робертс се вљубува во кабаретската пејачка Сали Боулс.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
И мајка ти исто така (Y tu mamá también)
Несвојствена љубовна приказна е трогателен поглед на човечката желба и приказ на сите различни релации кои можат да нè потресат и променат.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Среќни заедно (Happy Together)
Една од најинтензивните романси на филмското платно од 90тите
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Сан Омер (Saint Omer)
Писателката Рама го следи рочиштето на Коли која е обвинета за убиство на својата ќерка под мистериозни околности.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Малколм & Мари (Malcolm & Marie)
Клаустрофобична (анти) љубовна приказна, која ги отвора прашањата на дискрепанците на моќта, расата, неплатениот труд, автентичноста во уметноста и традиционалната улога на жената како муза.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Купе број 6 (Hytti nro 6)
Далеку од дома, Лаура почнува да развива едно колебливо пријателство со невообичаеното момче со кое го дели купето, рударот Љоха.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Телото на Џенифер (Jennifer’s Body)
Одмаздничка фантазија која ја осветлува насилната машка овластеност и се осврнува на женското пријателство, желба и сексуалното експериментирање.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Орландо (Orlando)
Базиран на истоимениот роман на Вирџинија Вулф (посветен на нејзината љубовница Вита Вест Секвил), филмот ја тематизира перформативната улога на родот, неговата театралност, апсурдност и арбитрарност
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Збогум Амор (Farewell Amor)
Отуѓени едни од други, странци кои единствено ги спојува заедничката траума на разделбата, филмот ги следи протагонистите додека тие се обидуваат да ја обноват релацијата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Белешки за еден скандал (Notes on a Scandal)
„Белешки за еден скандал“ е филм за перверзната и декстурктивна моќ на осаменоста, желбата и зависта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Телма и Луиз (Thelma & Louise)
Овој култен филм е пресвртница за тоа како треба да се прикажуваат женските акциони хероини во Холивуд.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Расположени за љубов (In the Mood for Love)
Во Хонг Конг, 1962 год, секретарката г-ѓа Чан и новинарот г-дин Чау ќе ги зближи едно ненадејно откритие за нивните сопружници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Последици (The Fallout)
Филм кој го слави пријателството, неговата исцелителна моќ и потенцијал да ни помогне да го цениме и уживаме животот, дури и кога ни се чини дека немаме причини за живот. 
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
И тогаш танцувавме (And then we danced)
Страсна coming-of-age приказна од Тбилиси.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Нема да бидеш сама (You Won’t Be Alone)
Во 19-ти век во Македонија, еден древен дух (волкојадката) ќе киднапира млада девојка по име Невена и ќе ја преобрази во вештерка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Јас, Тоња (I, Tonya)
Базиран на вистински настани од минатото, филмот се обидува на креативен начин, да ја претстави сложената слика за животот и кариерата на Тоња Хардинг.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Шива бејби (Shiva Baby)
Даниел оди на нечија Шива со родителите каде ги сретнува нејзиниот „sugar daddy“ и нејзината поранешна девојка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Том на фармата (Tom à la Ferme)
Стилизиран портрет на садомазохистичката привлечноста на „машкоста“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Жената лубеница (The Watermelon Woman)
Филм за комплексните релации помеѓу расата, полот и сексуалноста.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Запознавајќи го човекот: Џејмс Болдвин во Париз (Meeting The Man: James Baldwin In Paris)
,,Светот ќе се промени, зашто мора да се промени.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Квин & Слим (Queen & Slim)
Квин и Слим е приказна за пријателството, солидарноста, неправдата и преживувањето, теми кои се одмотуваат додека во позадина вртат сонливи пејзажи и саундтрак кој е еднакво добар колку и филмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Исправи се, Делфина
Исправи се, Делфина е вонвременска приказна за женската снага да, и покрај сите околности, се застане на нозе.  
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Алиса повеќе не живее тука (Alice Doesn’t Live Here Anymore)
Откако ќе ѝ почине сопругот со кого живеела во отуѓен брак, Алиса решава да започне нов живот со својот 11-годишен син.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Настан (L’événement)
Потресна и автентична драма која ја нагласува потребата од безбеден пристап до легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Девојка што ветува (Promising Young Woman)
Еден од подобрите филмови во 2020 и совршен за убаво заокружување на оваа мачна година.
  • Од Калина Качоровска
  • ФИЛМ
Вештерката (The Witch)
Ако не се сметате за фанови на хорор, ама сте фанови на феминистичките толкувања на вештерството, тогаш гледајте го „Вештерката“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Маргаритки (Sedmikrásky)
Две тинејџерки кои го носат името Марија (Jitka Cerhová и Ivana Karbanová) решаваат дека штом светот е расипан, не им преостанува ништо друго освен и тие да бидат расипани.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Хранителка (Breadwinner)  
Инспиративна анимирана приказна за моќта на приказните да ни влеат надеж и во најтемните времиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
В.Р. – Мистериите на организмот
„Смрт на машкиот фашизам, слобода на женскиот народ“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Венено (Veneno)
Венено ги следи сеќавањата на Кристина од нејзиното детство, траумата која ја претрпела, како научила да се справува со неа, и како ја креирала персоната која ѝ помага да преживее.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 3 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram