препорачува: Магда Ориѓанска, преведувачка
Наслов: Тешка лудача / Syk Pike/ Sick of Myself (2022)
Режија: Кристофер Боргли
Играат: Кристине Кујат Торп, Ерик Сетер, Фани Вагер
Земја: Норвешка
Времетраење: 1ч. 37 мин.
Жанр: драма, црна комедија
На прв поглед, Сигне и Томас личат на среќен пар. Млади и згодни припадници на средната класа кои живеат во стилизиран стан во Осло. Томас е скулптор и дел од уметничкото „големо добро утро“ во градот, додека Сигне работи како бариста. Кога Томас ќе стане славен, Сигне ќе забележи дека сите, па дури и пријателите, се повеќе заинтересирани за дечко ѝ отколку за неа. Огорчена и потиштена, таа решава да привлече внимание по секоја цена.
Филмов не е еден од моите омилени скандинавски, но ќе го паметам уште долго бидејќи ем сериозно ме вознемири, ем на крајот ме остави без трошка емпатија кон ниеден од ликовите. Ладно сервирана приказна за слепилото и алчноста на суетата и за трагедијата на нормализираната нарцисоидност денес.
Во филмов сигурно ќе препознаете луѓе од вашата околина, а ништо чудно и ако се препознаете себе.