Режија: Xavier Dolan
Улоги: Xavier Dolan, Pierre-Yves Cardinal, Lise Roy
Времетраење: 102’
Земја: Франција
Жанр: драма, трилер
За погребот на својот љубовник, Том патува во рурален Квебек на семејната фарма, но е изненаден што неговата мајка не знаела за нивната врска, ниту, пак, дека син ѝ е геј. Френсис, агресивниот брат на неговиот љубовник, кој е запознаен со ситуацијата, физички и психолошки го малтретира Том за да го спречи да ѝ ја каже вистината на мајка му и притоа да го принуди да остане на фармата.
Во „Том на фармата“ (2013), Долан комбинира техники на хорор, мелодрама и извитоперена романса за да создаде еден стилизиран портрет на садомазохистичката привлечноста на „машкоста“. „Том на фармата“ не е влажен сон. Тој е влажен кошмар.