Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФИЛМ
В.Р. – Мистериите на организмот
„Смрт на машкиот фашизам, слобода на женскиот народ“

Режија: Душан Макавеев

Улоги: Милена Дравиќ, Јагода Калопер, Ивица Видовиќ

Земја: Југославија, Германија

Времетраење: 84′

„Вилхелм Рајх – Мистериите на организмот“ е филм од 1971 година, во режија на Душан Макавеев и припаѓа на црниот бран на југословенскиот филм. Како критичка рефлексија на тогашната социјалистичка реалност филмот своевремено бил забранет од страна на комунистичката власт. Како следбеник и познавач на делото на психологот Вилхелм Рајх, често неговото учење го вклучува во своите филмови, па така првиот дел од филмот е всушност посвета на психоаналитичарот и социјален теоретичар. Главната протагонистка од другиот дел на филмот е Милена, млада југословенска комунистка и феминистка приврзана за идеите на Рајх за слободна љубов и сексуално ослободување, која верува дека не може да постои отелотворување на револуцијата без ослободување на телото, со што се истражува односот меѓу комунизмот и сексуалноста. Овој однос – дух и материја – добива филмски облик, движејќи ги и умот и телото помеѓу аналитичко-сатиричната монтажа и сетилните ексцеси на боја и форма.

Во прилог, пренесуваме дел од освртот на Зоран Михајловиќ на делoто на Макавеев „Feminističko dekodiranje filmova Dušana Makavejeva“, објавен на Pobunjene čitateljke.

„Југославија во времето во кое Душан Макавејев создава, според неговото мислење, недоволно ги спроведува сите социјалистички идеи за кои се залагаше, меѓудругото, продолжувајќи да ги одржува патријархалните норми во општеството кои ги ограничуваа сексуалните, љубовните и социјалните слободи на човекот. Така, слободата на уметноста, вклучително и самата кинематографија, била ограничена од постоечките конвенции и недоволниот простор за експериментирање. Појавата на Црниот бран во југословенската кинематографија, на која и припаѓаше Макавеев, означува зголемено експериментирање со темите и формата и ослободување на уметноста од наметнатите норми. Пред сè, тој ги користи своите филмови за да ја критикува ригидноста на социјалистичкиот реализам на Источниот блок, како и социјалната сексуална репресија на луѓето ширум светот. Во своите филмови, Макавеев прикажува сексуално ослободени личности, особено жени, кои честопати се далеку пред своето време во однос на нивните идеи и мислења.“

„Хероината која ја игра Милена Дравиќ претставува револуционерка и олицетворение на идејата за женска еманципација. Таа не само што има слободарски идеи, туку и успешно ги спроведува, влијае на општеството, ја менува фактичката состојба […]. Со својот цврст став таа ја застапува тезата на Вилхелм Рајх дека без слободна љубов нема револуција – „Комунизам без слободна љубов – тоа е нов гроб“. Иако на крајот умира, главниот лик зад себе остава група луѓе кои ги променила и кои ќе можат да продолжат да ги шират идеалите за слобода и револуција.

Како што е случајот со женските ликови, филмовите на Макавеев и темите што ги обработува се далеку пред своето време, така што лесно би можеле да ги замислиме во современо дело. Ова е особено видливо во филмот „В.Р. – Мистериите на организмот“ кој е автентичен и по тематика и по начинот на кој е структуриран. Неговиот најпознат филм е колаж бидејќи се состои од комбинација на различни елементи, контрастни слики, фикција и документарни елементи поврзани со животот и делото на Вилхелм Рајх и истражувачкото патување на Макавеев во САД. Така, филмот укажува и на контрастот во темата што ја обработува – тезата на австрискиот психоаналитичар дека не постои вистинска револуција без сексуално ослободување и ригидно, згрчено општество кое не може да постигне целосна слобода поради конзерватизмот што си го наметнува. Како што објаснува Рајх, од сексуалната репресија доаѓа и социјалната репресија, од која произлегуваат различни фрустрации кои на крајот можат да поттикнат појава на фашизам и други авторитарни форми. Оваа теза во филмот ја потврдува и русинот Владимир Илич, кого Милена го запознава – потиснувајќи ја, како што вели, неговата нежна и телесна страна со политиката на цврста рака, тој на крајот станува убиец и ја убива хероината, не можејќи да ја издржи силата на нејзините слободарски желби. Ова ја потврдува тезата на Рајх, ја потврдува неопходноста од спроведување на револуција во секој дел од животот на човекот, дури и во интимниот, бидејќи во спротивно нема револуција, луѓето сè уште (остануваат) уништени личности водени од внатрешни немири.“

 

 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • May 9, 2023
  • ФИЛМ
Слугинката (The Handmaiden, 아가씨)
Филмот се справува со теми како женска сексуалност, семејно насилство, психолошка траума, љубов помеѓу две девојки, слобода и моќ
  • Од Калина Качоровска
  • ФИЛМ
Девствените самоубиства (The Virgin Suicides)
Во една (навидум) обична  куќа, во мирната, приградска Америка на 70-тите, живеат петте прекрасни Лизбон сестри.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Јас сум љубов ( I am love )
Ема ја напуштила Русија за да живее со сопругот во Милано, Италија, од каде тој потекнува. Сега, дел од моќно индустриско семејство, таа е почитувана мајка на три деца, но се чувствува неисполнето.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Ама јас сум навивачка (But I’m a Cheerleader)
Родителите на една all-American тинејџерка ја праќаат на конверзиона терапија поради сомнеж дека е лезбејка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Окја
Сатиричен и (на моменти) хаотичен филм, кој освен што е забавен за гледање, праќа силна порака против корпоративната алчност
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Последици (The Fallout)
Филм кој го слави пријателството, неговата исцелителна моќ и потенцијал да ни помогне да го цениме и уживаме животот, дури и кога ни се чини дека немаме причини за живот. 
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Маргаритки (Sedmikrásky)
Две тинејџерки кои го носат името Марија (Jitka Cerhová и Ivana Karbanová) решаваат дека штом светот е расипан, не им преостанува ништо друго освен и тие да бидат расипани.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Среќни заедно (Happy Together)
Една од најинтензивните романси на филмското платно од 90тите
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Љубовната вештерка (The Love Witch)
„Љубовната вештерка“ оддава почит на техниколор филмовите, но не наликува на ништо снимено во последните дваесет години.
  • Од Калина Качоровска
  • ФИЛМ
Базен (La Piscine)
Навидум среќен пар живее во позајмена вила во близина на Сен Тропе. Идилата завршува кога нивниот заеднички пријател ќе се појави со својата прекрасна 18-год ќерка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Шива бејби (Shiva Baby)
Даниел оди на нечија Шива со родителите каде ги сретнува нејзиниот „sugar daddy“ и нејзината поранешна девојка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Lovers Rock (2020)
Домашна забава за младата јамајканска заедница во Лондон во раните 80-ти.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Пустински срца (Desert Hearts)
Универзитетска професорка патува во Рено каде запознава слободоумна млада девојка во која се вљубува.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Сан Омер (Saint Omer)
Писателката Рама го следи рочиштето на Коли која е обвинета за убиство на својата ќерка под мистериозни околности.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Хранителка (Breadwinner)  
Инспиративна анимирана приказна за моќта на приказните да ни влеат надеж и во најтемните времиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Licorice Pizza
Филмот прикажува една жива, неуредна приказна за адолесценцијата која ја рефлектира типичната младешка лудост и смелост.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Тоа е грев (It’s a Sin)
Серија која нуди еден многу потребен, трогателен и болен поглед на раната борба со ХИВ вирусот во Велика Британија, недостатокот на информации и терапија, како и стравот од неизбежната судбина.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
American honey
Филмот маестрално успева да го прикаже очајот на бидување сиромашен млад човек во заборавените ќошиња на Америка, на одисеја кон никаде, без да ги сензационализира и сожалува ликовите или морализира нивните избори.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Кабаре (Cabaret)
Во 1931 во Берлин, амбициозниот писател Брајан Робертс се вљубува во кабаретската пејачка Сали Боулс.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Париз гори (Paris is burning)
Eсенцијална филмска лектира која зборува за солидарноста, заедништвото и уметноста, кои ги одржуваат квир заедниците и сè уште претставува еден од најавтентичните прикази на дрег културата. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФИЛМ
Со среќа, Лео Гранде (Good Luck to You, Leo Grande)
После толку време, дали Ненси ќе може да ја преземе контролата врз својот сексуален живот и да го добие посакуваното задоволство што го заслужува?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Телото на Џенифер (Jennifer’s Body)
Одмаздничка фантазија која ја осветлува насилната машка овластеност и се осврнува на женското пријателство, желба и сексуалното експериментирање.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Одмазди се (Do revenge)
Дали на повидок е тин-класик за денешните тинејџери од калибарот на „Clueless“ или „Mean girls? Ние мислиме не.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Те следи (It Follows)
Субверзивноста на „Те следи“ лежи во превртувањето на закоравените хорор наративи коишто ја демонизираат женската сексуалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Амонит (Ammonite)
филм за преобразувачката сила во неочекуваните судири со туѓинци чии патишта во некоја точка од животот се испресекуваат со нашиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Убаво момче (Beautiful Boy)
„Убаво момче“ го прикажува потресното искуство на преживување, рехабилитација, повраќање и лекување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Бубалици (Booksmart)
Две најдобри другарки, кои целото средно школо го посветиле на учење и подготовки за универзитет, сфаќаат дека можеби испуштиле други значајни искуства за разлика од своите врсници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Клубот на првите жени (1996)
Тоа што започнува како класичен одмазднички филм, се претвора во приказна за наоѓање сила и енергија за новите почетоци. Баш поради ова „Клубот на првите жени“ е guilty pleasure коe дефинитивно може да си го дозволиме во јануари.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Едната пее, другата не (L’une chante, l’autre pas)
Полин и Сузана се борат да заземат простор отаде оној во кој се заробени од страна на свет доминиран од мажи.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Принцезата Мононоке (Princess Mononoke)
Филм за конфликтот помеѓу природниот свет и индустријализацијата, прикажан низ два женски ликови.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Портрет на жената во огнот (Portrait of a lady on fire)
Со оглед на тоа што во периодот кој доаѓа ќе поминуваме повеќе време по дома, решивме да започнеме со нова рубрика: Филм на неделата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Настан (L’événement)
Потресна и автентична драма која ја нагласува потребата од безбеден пристап до легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Рондо (1966)
Атмосферичен и интимен, Рондо ја внесува естетиката на модернистичкиот психолошки роман.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Жената на францускиот поручник (The French Lieutenant’s Woman)
Филмот ја прикажува заробеноста на главните ликови во социјалните конвенции на едно историско време и комплексноста на слободата и преиспишувањето на сопствениот идентитет вон тие границите.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФИЛМ
Таа кажа (She Said)
Преку истражувачката работа на протагонистките и нивната комуникација со повеќебројни жртви на Харви, станува јасно колку е тешко да се скрши тишината поврзана со сексуалното вознемирување и насилство.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 3 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram