препорачува: Наталија Теодосиева, актерка
Наслов: I don’t Feel at Home in This World Anymore
Режија:Мејкон Блер
Играат: Мелани Лински, Илајџа Вуд
Времетраење: 96′
Земја на потекло: САД
Жанр: трилер, комедија
“I don’t feel at home in this world anymore” е приказна која ја следи медицинската сестра Рут (Мелани Лински) низ серија фрустрирачки, секојдневни неправди, кои кулминираат со кражбата на нејзиниот лаптоп, лековите и среброто од нејзината баба. Оттука, Рут, заедно со својот ексцентричен сосед Тони (Илајџа Вуд) решаваат да ги преземат работите во свои раце, а патот кон правдата ги вовлекува во опасна криминална шема.
Режисерот Мејкон Блер совршено балансира хумор и емпатија, доловувајќи ги душевно исцрпувачките последици од секојдневните фрустрации, истовремено славејќи го и пркосот на Рут и Тони, кој го движи дејството. Оваа необична комедија со неочекуван пресврт на настаните е прилично релевантна во денешниот културен и социјален живот, нагласувајќи ја важноста на заедништвото. Овој филм се наоѓа на мојата „мора да се гледа“ листа, не само поради проникливиот социјален коментар, туку и поради неверојатната хемија помеѓу актерите Лисли и Вуд.