Режија: Terence Dixon
Времетраење: 27’
Земја: Франција, Англија
Жанр: Документарен филм
Документарен портрет на Џејмс Болдвин од 1970 година, една од врвните фигури на американската книжевност, афро-американската култура и политичка мисла од 20 век, снимен во Париз. Во овој краток, но напнат дискуризевен филм го следиме легендарниот писател на симболични локации во градот, каде што живеел во тоа време, вклучително и на плоштадот Бастиља.
Средбата со Џејмс Болдвин не оди целосно според планот на групата бели филмаџии кој стојат зад камерата, додавајќи му тежина потребна тензија на наративот, во чиј центар е импресивниот и страсен светоглед на Болдвин.