Режија: Cheryl Dunye
Улоги: Cheryl Dunye, Valarie Walker, Guinevere Turner
Времетраење: 90’
Земја: САД
Жанр: романса, комедија, автофикција
Шерил (Cheryl Dunye) е дваесет и петгодишна црна лезбејка која работи во видеотека додека се обидува да направи филм за црна актерка од 1930-тите, позната како “Жената лубеница” која глумела стереотипни mummy улоги. Таа открива дека нејзиното вистинско име е Фае Ричардсон и дека освен актерка, Фае била пејачка во ноќен клуб во Филаделфија и некогашна љубовница на Марта Пејџ, бела режисерка лезбејка која всушност го открива нејзиниот талент.
Измислена од страна на режисерката, Фае Ричардсон претставува симбол за изгубената црна квир архива недостапна за идните генерации на црни квир филмаџии кои се принудени да изградат свој филмски канон врз темелите на доминантната бела имагинација која ги има ограничено и избришано црните приказни.
„Жената лубеница“ е првиот филм снимен од и за црна лезбејка. Филмот на револуционерен интерсекциски начин ги прикажува комплексните релации помеѓу расата, полот и сексуалноста и дава критика на филмот како индустрија и уметничка форма.