Дали знаеш дека имаш право да пријавиш родово базирано, семејно и сексуално насилство и вознемирување?
Дали знаеш кои се твоите права и на кој начин државата може и мора да те заштити?
Дали си или некогаш си била жртва на насилство или вознемирување, но не си сигурна каде и како да пријавиш или се плашиш од долгите процедури и двојна виктимизација? Дали ти треба помош и поддршка во тој процес?
Правниците и правничките од Хелсиншкиот комитет за човекови права можат да ти помогнат преку програмата за Бесплатна правна помош.
За директно да стапиш во контакт со нив, јави се на бесплатниот број 0800 44 222 или мобилниот 072 278 436 секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот или пополни го формуларот кој ќе го најдеш подолу на оваа страна, за тие да стапат во контакт со тебе.
Што е родово базирано насилство?
Родово базирано насилство е она насилство кое е насочено кон една личност поради нејзиниот род и/или родов идентитет. Мнозинството жртви на овој вид насилство се жени и девојчиња, па затоа родово базирано насилство и насилство врз жените се термини кои често се користат како синоними, затоа што општопризнаено дека најчесто родово базираното насилство се случува врз жени и девојчиња, сторено од мажи.
Сите дејствија што доведуваат или веројатно ќе доведат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените и други родови малцинства, вклучувајќи и директни и индиректни закани и заплашување за такви дејствија, изнуда, произволно ограничување и/или лишување од слобода, без оглед дали се случуваат во јавниот или приватниот живот.
Семејно насилство е каков било вид на малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко, физичко или економско насилство, вклучувајќи и закани за такви дејствија. Семејно насилство не се однесува исклучиво на брачни партнери, туку и на родители, деца и други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница, заедничко домаќинство или се наоѓаат во блиски лични односи, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не.
Сексуално насилство и силување е секое дејствие од сексуална природа, со кој било телесен дел или предмет, на телото на друго лице без согласност. Сексуално насилство постои и кога се наведува или присилува друго лице да се вклучи во дејствија од сексуална природа со трето лице без согласност.
Сексуално вознемирување е секое вербално, невербално или физичко однесување од сексуална природа што има за цел или последица повреда на достоинството на лицето, особено кога се создава заканувачка, непријателска, деградирачка, понижувачка или навредлива средина.
Онлајн сексуално вознемирување е несакано вербално, невербално или друго постапување од сексуална природа, што има за цел или последица, повреда на достоинството или создавање на
заканувачка, понижувачка или застрашувачка средина, како на пример, предаторски пораки од сексуална природа, онлајн демнеење, праќање фотографии со експлицитна содржина без согласност, злоупотреба на интимни и/или експлицитни фотографии и снимки без согласност, итн.
Економско насилство е секое дејствие на ограничување или спречување во остварување и/или располагање со лични приходи и финансиски средства, за одржување на заедничкото домаќинство и за грижа на детето, со што се предизвикува економска зависност на жртвата.
Психичко насилство е секое однесување со употреба на присилба, заплашување или закана, кое предизвикува чувство на страв, загрозеност, вознемиреност или повреда на достоинството и психичкиот интегритет на жртвата.
Демнење е секое намерно однесување на повторено заканување насочено кон друго лице што предизвикува лицето да се плаши за својата безбедност.
Доколку си сведок или имаш сознание за постоење на родово базирано и семејно насилство должна/должен си да пријавиш во полициска станица, центар за социјална работа, јавно обвинителство, здружение или СОС линија, а надлежните институции се должни да постапат и по анонимна пријава
Други релевантни броеви и контакти за пријавување на насилство
Биди безбедна е нова апликација преку која можеш:
- директно да пратиш СМС порака за помош на СОС линијата дека си во опасност
- да одбереш личност или организација во која имаш доверба, на која исто така можеш да и пратиш порака за помош
- да имаш пристап до именик на најважните броеви на институциите и организациите на кои можеш да се јавиш директно преку апликацијата;
Полиција 192
Центри за жртви на сексуално насилство
Тетово – ЈЗУ Клиничка болница
078 240 313
Куманово ЈЗУ Општа болница
078 404 407
Скопје ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство
075 455 200
Национален совет за родова рамноправност, СОС бесплатна линија 24/7:
070 141 700
075 141 700
077 141 700
Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје
Специјализиран тим за постапување по итни предмети од ранливи категории 076 381 762 и 078 230 943 (24/7)
Служба за брак и семејство и заштита од семејно насилство 075 295 118
Сервиси за психосоцијална помош и поддршка
Прв семеен центар на Град Скопје, 02/ 3200 007, секој работен ден од 11.00 до 18.00 часот
Институт Алтернатива, 077 791 100, секој работен ден од 09:00 – 16:00
СОС линија 02/15 315, достапна 24/7
Сервиси за бесплатна правна помош и поддршка
Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, 075 255 154, вторник, среда , четврток 09:00 – 17:00
Хелсиншки комитет , 072 278 436 и 02/ 3119 073, секој работен ден 09:00 – 14:00
Здружение на млади правници, 02/3220-870, секој работен ден 8.30 – 16.30
Тетово
Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 078 837 111
Охрид
Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид , Центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 071 231 032
Советувалиште за жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 077 937 916
Штип
Меѓуопштински центар за социјална работа Штип, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство 076 475 052
Кризен центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство 24/48 часа, 076 475 050
Куманово
Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 077 993 705
Велес
Меѓуопштински центар за социјална работа Велес, Центар за жени жртви на родово базирано/ семејно насилство 076 340 225
Организација на жени на општина Велес, бесплатна правна помош како и психолошка помош, 070 645 318 и 075 603 348
Кавадарци
Меѓуопштински центар за социјална работа Кавадарци, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 078 298 015
Прилеп
Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 075 847 999
Кризен центар за жртви 24/48 часа, 078 289 427
Битола
Меѓуопштински центар за социјална работа Битола, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 071 397 875
Центар за жени жртви на родово базирано и семејно насилство, 071 397 145
Свети Николе
Меѓуопштински центар за социјална работа Свети Николе, Центар за жени жртви на родово базирано и семејно насилство, 070 210 995 и 032 443 305
Кочани
Меѓуопштински центар за социјална работа Кочани, Центар за жени жртви на родово базирано и семејно насилство, 033 274 141 и 033 274 139
Струмица
Здружение на граѓани Скај плус Струмица, Центар за жени жртви на семејно насилство, 078 453 19