Вознемирувањето на работно место, иако законски регулирано, претставува секојдневие на многу жени. Мобингот често доаѓа во затскриени форми и ретко се препознава и пријавува.
Поставување на приватни прашања на интервју за работа, непродолжување на договор при бременост, заплашување и закани, сексуални предлози и уцени, се директни прекршувања на работничките права кои имаат родова димензија.
Нашето ново видео се бави токму со оваа тема.
Видеото е изработено во соработка со Kvinna till Kvinna
Приказните ги читаат: Јована, Фатмире, Меглена, Мона, Бежика, Зејџане, Сара, Ивона и Ивана
Камера: Жарко Чулиќ
Музика: Принцес Донатсу