Жртвата никогаш не е виновна, дури и кога молчи. Стигмата и срамот од насилството, двојната виктимизација, непостапувањето на институциите, сензационализмот на медиумите, стравот од насилникот и можната осуда, како и генералната дискрепанца во општествените односите на моќ, се само дел од многу причини зошто жените не пријавуваат насилство. Пријавувањето се поттикнува со емпатија, солидарност, разбирање и постапување по секој случај, без исклучок.
#ЗоштоНеПријавив #ШтоПравиМВР #НеСиСама
Видеото е во соработка со Платформата за родова еднаквост и Kvinna till Kvinna
Камера: Žarko Čulić Zarko Culik Photography
Музика: Принцес Донатсу и Телемама