Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Инспиративно порно (кога инспирацијата станува порнографија)
„Не постои количество на насмевки кои претвориле скали во рампа”

Мало дете со даунов синдром се смее со отворена уста. Напишан е текст „понекогаш ангелите се преправени во деца со посебни потреби да нè научат како да бидеме подобри луѓе”

Маж без нозе во количка пристапува до ескалатор, се фаќа со рацете за подвижната лента од оградата на ескалаторот, држејќи го своето тело и количката која е врзана за него во воздух, додека ескалаторот го качува нагоре. Пишува „Животот е невозможен само ако ти мислиш така. Ако си одлучен, тогаш ќе го достигнеш она кон кое целиш”.

Кога гледате или замислувате вакви слики, што доживувате?

Чувствувате ли топли, разнежнувачки емоции? Ви се насолзија ли очите? Инспирирани ли сте? Можеби си велите, кога можат тие, можам и јас? 

Како непопречена личност сосем е очекувано да ги доживеете овие емоции. Всушност, ваквите слики, видеа и мимови се создадени со таа цел, да ги инспирираат непопречените личности да се подобрат. Но многу помеѓу нас, попречените личности, во овие слики гледаат нешто проблематично, дури и штетно. Нешто кое го нарекуваме „инспиративно порно”. 

Се прашувате, што има лошо во овие слики? Зарем не е премногу радикално да се наречат порнографија?

Проблемот не се самите слики, туку контекстот кој им го дава испишаниот текст.

 

Што е инпиративно порно?

Терминот „инспиративно порно” го популаризира Стела Јанг (1982-2014) во нејзиниот TED Talk, „Јас не сум ваша инспирација, ви благодарам многу„. Овој термин очекувано привлекува внимание, но одлично и точно го опишува начинот на кој попречените луѓе се објективизираат за бенефит на непопречените луѓе. 

Најчестите приказни се оние кои секојдневните вообичаени животи на попречените лица ги сензационализираат како извонредни и мотивирачки. Додека пак вистинските успеси и достигнувања ги прикажуваат како исклучително храбри потези за надминување на попреченоста.

Особено се популарни приказните кои ги претставуваат непопречените луѓе како херои само затоа што се однесувале фино кон попречено лице. Меѓу овие херои  сеприсутни се родителите на аутистичните кои добиваат овации само затоа што му ја пружаат најосновната грижа на сопственото дете.

Ова се приказни кои нѐ лишуваат од човечноста и индивидуалноста, претворајќи нѐ во пасивни објекти, кои служат за непопречените луѓе да добијат некаква површна инспирација, валидација и омоќување, да бидат среќни што не се во кожата на „кутрото” попречено лице, дека има и полошо. Или дека се „херои, воини” затоа што му пружиле основна човечка достоинственост на попреченото лице кое, според нив, е  товар за сите околу него. 

Но што ако „кутрото” попречено лице сте вие? Или уште полошо, што ако вие сте, „товарот” на сите околу вас?

Насетувам дека во овој момент, пријатните чувства предизвикани од сликите почнуваат да спласнуваат, а непријатноста полека расте. И ова е само врвот на сантата мраз наречена инспиративно порно.

 

Штетноста на инспиративното порно

Објективизацијата е непријатна, особено кога метата сте вие. За попречените лица ова е секојдневие и не завршува само со непријатност. Ефектите од инспиративното порно се шират во секој аспект од нашите животи, а преку тоа се продлабочува стигмата и се зацврстуваат штетните стереотипи за попреченоста, поставени од медицинскиот модел за попреченост.

Модел кој нѐ научил попреченоста да ја третираме како нешто лошо и трагично. Како дефект во нечие тело и/или ум, кој треба да се поправи. 

Можеби звучи зачудувачки, но многу попречени лица се сосем задоволни и среќни со своите тела и умови, и не би промениле апсолутно ништо во сопствената функционалност. Можеби ќе се прашате, но како? Зарем не е тешко да живееш со попреченост?

Како што вели Стела Јанг „Животот како попречено лице е донекаде тежок. Надминуваме одредени нешта. Но нештата кои ги надминуваме не се тоа што мислите дека се. Не се нешта поврзани со нашите тела.” Ќе додадам, и нашите умови.

Нештата кои ги надминуваме се препреките кои ни ги поставува општеството. Како што социјалниот модел за попреченост вели дека општествените бариери нѐ попречуваат повеќе отколку функционалноста на нашите тела и умови. Непостоење на рампи за пристап со количка создаваат попреченост, а не нефункционалните екстремитети. Попречената комуникација кај аутистичните кои не зборуваат доаѓа од предрасудата дека овие лица се неинтелигентни и неспособни за комуникација, а не поради недостатоци во функцијата на говорот.

Се поставуваат контрадикторни очекувања кои треба да ги исполниме за да бидеме вредни. Од една страна неверојатно високото очекување дека треба да бидеме суперхерои, да ја надминеме сопствената попреченост и да го досегнеме недостижното, како мажот во количка на ескалаторот. Од друга страна се екстремно ниските очекувања дека само фактот што дишеме и постоиме е нешто исклучително и неверојатно, вредно за восхит. 

Па кажете ми, што треба да биде едно попречено лице?

Што правиме со оние кои не можат да го кренат своето тело и количка во воздух, оние кои не можат да станат суперхерои само за да стигнат до погорниот кат? Каква порака им праќаме?

Стела Јанг вели „Не постои количество на насмевки кои претвориле скали во рампа”.    

Ниту милијарда позитивни мисли и челична волја можат да претворат обична книга во брајово писмо. Не, попреченоста не е лош став, ниту пак недостаток на одлучност.

Ниту пак станувањето од кревет и одење на прошетки се врвни достигнувања за попречените луѓе. Ниту пак вистински успеси и достигнувања се невозможни. 

Што да преземеме?

Време е да почнеме да ги преиспитуваме нашите ставови за попреченоста. Да погледнеме од друг агол.

Наместо да шириме инспиративно порно, да го свртиме вниманието кон општествените бариери кои го попречуваат пристапот до еднакви можности. Наместо да се засенат гласовите на попречените луѓе со ефтин click bait материјал, да ни се даде простор да ги кажеме нашите приказни за борбата за надминување на општествените бариери. 

Наместо да се очекува од нас, попречените луѓе, да се помириме со начинот на кој сме  третирани од општеството, време е ние да очекуваме да бидеме прифатени, а нашите потреби акомодирани, без разлика на тоа какви сме.

За крај, повторно ја цитирам Стела Јанг „Попреченоста не те прави исклучителен, туку да го преиспиташ она што го знаеш за неа.” 

 

Текстот е изработен како дел од нашата Школа за феминизам, ФЕМ 101.3. 

НАПИШАНО ОД:
  • Лин
  • June 15, 2023
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книгата?
Листа на наслови од неколку македонски издавачки куќи кои можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Рафики: Колективниот пристап е клучен за впечатливи искуства 
Запознајте го диџеј колективот РАФИКИ Берлин.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Кога љубовта трансформира?
Во и надвор од сопствените срца: белешки од животот во Шпанија
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Иво Куновски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женска самоодбрана: историја, теорија и пракса
Доживувајќи ги позитивните промени од моето искуство со часови по самоодбрана, решив да го истражам влијанието и историјатот на концептот на женска самоодбрана.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Мажите биле ловци, а жените собирачи на храна. Или не?
Нова студија ја побива старата претпоставката дека мажите ловеле а жените собирале храна.
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Библиотеките како простор и за квир заедниците“ – предавање во Националната универзитетска библиотека
Предавање на м-р Лени Фрчковска во НУБ на 1ви јуни, во 18 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.
  • Од Нина Раповска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Интуицијата како отелотворено знаење
Имам некое чувство што не можам да си го објаснам, но тука е.
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Косовските демонстранти бараат да се преземе акција по силувањето на 11-годишното девојче
Според Мрежата на жени во Косово, над 70% од случаите на сексуални напади и силувања во земјата се врз малолетни девојчиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пофалба на глупоста I
(Мет Волш, „Што е тоа жена?“, и здравиот разум)
  • Од Каи Гладкова
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Патишта на траумата
Што сè ѝ се случува на една жртва по злоставување
  • Од Матеј Тројачанец
  • ФЕМ 101
Надежта е во неоткажувањето
Да се биде е веќе однапред и да се биде заедно.
  • Од Вики Младенова
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Улогата на „крвните сестри“ лезбејки во борбата против СИДА во 80-тите
За лезбејките кои храбро се обединиле за да им помогнат на геј мажите заболени од СИДА и им се спротивставиле на стигмата и неправдите врз квир заедницата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се родиш повторно?
(опсесијата на поп-културата со новиот почеток)
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Коалиција Маргини
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За земјоделките во земјата нема одмор, само работа
„Поради земјоделски активности кои ни се единствен приход во семејството, преживеав два спонтани абортуса.“
  • Од Јована Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ПРОМЕНА
Нашите авторки Анастасија Марковска, Елена Петрова и Благица Димитрова ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: БОРБА
Калина Малеска, Александра Спасеска, Билјана Кочоска, Калиа Димитрова и Марта Стевковска ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Скриените форми на конверзионата терапија
Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram