Екстатичен танц е вид на медитација во движење кое го вклучува здивот низ соматски, телесен израз на енергија преку танц за длабоко ослободување на чувствата кон екстаза. Следниот петок, 13.12, од 18:00ч., во јога студиото Ади Шакти, Ивана ќе нѐ води низ серија медитативни движења. Не е потребно да „знаете“ да танцувате, енергијата ќе ни покаже како да пристигнеме до сопствениот израз.
Ивана Батев е фотографка и јога учителка чија страст е да работи со движењето на светлината и сенките во овој свет и во тој танц да буди витална животна енергија, потенцијалот во себе и секој.
Резервирајте го вашето место сега и станете дел од Медуза јога клубот! Бројот на места е ограничен, а крајниот рок за пријавување е среда, 11-ти декември, со попoлнување на следнава пријава. Пријавувањето е на принцип „прв/а пополнил/а, прва услужен/а“, а учесниците ќе бидат исконтактирани во четврток (12/12).