
Ја мерам секоја Тага што ќе ја сретнам
ЕМИЛИ ДИКИНСОН
Ја мерам секоја Tага што ќе ја сретнам
Со тесни, продорни, очи –
Се прашувам дали како Mојата тежи
Или Помала тешкотија носи.
Се прашувам дали Тие долго ја носат
Или само што се јавила таа –
Не можам да се сетам на Датумот Мој –
Се чини како болка стара.
Се прашувам дали живеењето боли –
И дали Тие треба да се трудат –
И дали – можат ли Тие да изберат помеѓу –
Не би било – да умрат –
Забележувам дека Некои – трпејќи долго –
На крајот, својата насмевка ја враќаат –
Како имитација на Светлина –
Што малку Сјај носи.
Се прашувам кога Годините ќе се насоберат –
Некои Илјадници – од таа Штета –
Што ги повреди рано – тој интервал
Би можел да им даде Утеха –
Или ќе продолжи да ги боли
Низ Векови одважени –
Просветлени до поголема Болка –
Инаква од Љубовта –
Натажените – се многу на број – ми рекле –
Од Причини разни –
Смртта – е само една – и доаѓа само еднаш –
И очите единствено ги празни –
Постои Тага на Празнина – и Студена Тага –
позната како “Очајување” –
Постои прогонство од вродени Очи –
во погледот на Роденото Бидување –
И иако можеби нема да го погодам видот –
Точно – сепак мене
Длабока Утеха ми дава
Во минливото Бреме –
Да се забележат кроевите – на Крстот –
И како најчесто се носат –
Се’ уште восхитена да претпоставам
Дека Некои – како моите се носат –
Оригинал: I measure every Grief I meet (561), Emily Dickinson
НАПИШАНО ОД:
Тимот на Медуза
Jun 11, 2022