Разбирливо,
Јас сум главната курва во градов!
Крадам од ливчињата на секој цвет.
Живеам затоа што ме пијат, пцујат и јадат.
Јас сум пчелата што најболно каснува во кошницата
Јас сум лекот, најслаткото млеко во пролет
Јас сум секој скинат фустан, секој убод, секој шамар што одекнува
Зујам, одржувајќи го градов жив.
Низ улици, патеки, телефонски говорници
Под мостови, покрај тротоари
Во кафеанските кујни, во маалските кафулиња
Претепана од ноќните светла, во страшни населби,
Дури и среде бел ден, меѓу коли
Заспивам шишумиги, нервозни јазици,
Круната на мојата глава, јас сум монарх, таа птица што никогаш не плаче,
Голтам, одржувајќи го градов жив.
Јас сум набљудувач на мизеријата,
По студентските домови, во зелените паркови
Во топли сауни, по градски базени,
На бензински пумпи, во тоалети со доволно луксуз
Се губам себеси, ги губам дури и мажите кои ме плаќаат
Јас сум дел од нешта, обврски и состаноци
Одложувам прегратки, исклучувам милувања, дури и бакнежи, сето тоа го мразам
Јас сум најопасната жена, со харизма која не убива
Врескам, одржувајќи го градов жив.
Слушам досади на месечева светлина
Некои жени ме мразат, други ми завидуваат
Влегувам меѓу нозете кај сиромашните, ги пуштам сиромашните да уживаат во мене
Јас сум капетанката на моралот, првата на која се повикува секој политичар,
Јас сум султанката
Го кршам секој закон, секој член, секој кодекс и секоја норма
Го кршам вратот, очајувам, се навлажнувам цела
Јас сум железничка станица, постојка, кралица без крал
Трујам, одржувајќи го градов жив.
Се соочувам со бури, северни ветрови, опкружена со неверојатна аура
Лицето ми нема пол, јас сум маж под кожа, секогаш корисна жена
Гледам пекол, гледам рај, бакнувам кој сакам
Во пекара, во скриен мотел во едно зафрлено село
На масите на театарското бифе, на подот,
Ниту еден дел од мојот скелет нема недостатоци
Сакаат да ме збришат, па водиме љубов, јас сум најлудата ајкула во морето
Јас сум челик, одржувајќи го градов жив.
Јас сум отворена и анимирана.
Јас сум главната курва во градов!
Пијана им се поклонувам на оние кои ме гледаат како закана,
Јас сум вознемиреноста на среќните мажи; Јас сум телото потонато во талкање
Јас сум тенката мембрана што го врти секој маж, секоја жена, секое речно корито
Под водопадот, во калта, во важните јавни канцеларии
Итам, како луда мајка, на секоја вратоврска, на секој сиромашен.
Ме гледаат очите на поповите, очите на недораснатите деца.
Ме гледаат овчари и домаќинки и лутенисти,
Часовничарите ме гледаат, сакаат да уживаат и ковачите и селаните.
Не си ги сакам усните кога немаат што да прават, без никаков благослов
Се тресам, намовнувам, во црвени штикли го одржувам ова село живо,
Не,
Заедно со градот.