
Љубов по љубовта
ДЕРЕК АЛКОТ
Ќе дојде време
кога, со полет
ќе се пречекаш себеси пристигнувајќи
на сопствената врата, во сопственото огледало
и секоја ќе се насмевнe на добредојдето на другата
и ќе каже, седни тука. Јади.
Повторно ќе ја сакаш туѓинката што беше ти.
Дај вино. Дај леб. Дај си го назад
твоето срце, на туѓинката што те сакала
сиот твој живот, која си ја запустила
за друга, која те знае напамет.
Отстрани ги љубовните писма од полицата за книги,
фотографиите, очајните белешки,
олупи ја твојата слика од огледалото.
Седни. Гости се со твојот живот.
НАПИШАНО ОД:
Тимот на Медуза
Jan 20, 2023