љубов во боинг 747
КАЛИА ДИМИТРОВА
само овој пат, те молам,
држи ме за рака.
ги преживеав дваесеттите,
но нема да го преживеам овој воздухоплов.
страв од летање?
кој слуша инструкции?
кој разбира физика?
кој клекнува на колена во веце?
кој верува во спас?
само овој пат, драги,
држи ме за рака
и погледни
колку нежно облаците се прелеваат,
преобразуваат, исчезнуваат, појавуваат,
и повторно се прегрнуваат.
исто како нас.
исто како нас.