враќајќи се
од зимување
во комбето позади,
се стемни
доволно за
мирното брмчење
на моторот
да нѐ втурне
во длабок сон—
мојот најдобар другар
и јас
на задното седиште
само ние двајца.
си почувствувал ли некогаш
како телото ти се
наслонува кон
своите најискрени
намери—главата
гледајќи глатко
да слета
врз навалените рамења
на заспаниот другар?—
патувања од сантими
што ме чинеа години.