
Љубовна песна за една буч жена
ДЕБРА МИРАНДА
Вака е со мене:
толку силна, сакам да ја извлечам јајце-клетката
од твојата матка и самата да ја хранам.
Сакам да ти го омајчам детето направено само
од нас, од мене, од тебе: да нема позајмено семе
од никој маж. Сакам да ја преобликувам
матрицата на создавањето, да направам човечко суштество
од човечката љубов која минува низ
нашите тела. Драга, вака е:
кога излегуваш од спалната
во чиста памучна маица, ракавите свиткани наназад
над рамениците, намирисана со колонска вода
од килибарно шише—сакам да си го отворам
срцето, најсветлиот болен процеп
на мојата душа, да го примам твојот бисер.
Ти ги гледам рацете, го чекам знакот
што покажува дека ќе ме допреш,
ќе ме отвориш, исполниш; го чекам тој миг
кога твојата желба ќе скокне внатре во мене.
НАПИШАНО ОД:
Тимот на Медуза
Jun 16, 2023