Нема ѕвезди ноќва
Сем оние на сеќавањето.
А сепак колку многу место за сеќавањето има
Во лабавиот колан на мекиот дожд.
Дури има доволно место и
За писмата на мајката на мајка ми,
Елизабет,
Кои долго беа притеснети
За еден ќош на таванот
Та веќе се пожолтени и смекнати,
И склони кон топење како снегот.
Низ големината на таквиот простор
Чекорите мора да бидат нежни.
Сето се држи на едно невидливо бело влакно.
Трепери како гранките на брезата што го замрежуваат воздухот.
Се прашувам себеси:
„Дали ти се прстите доволно долги да свириш
На старите клавиши кои се сал одек:
Дали е тишината доволно силна
Да ја однесе музиката до нејзиниот извор
И повторно назад до тебе
Како до неа?“
Сепак би ја водел баба ми за рака
Низ поголемиот дел на она што не би го разбрала;
И така се препнувам. И дождот продолжува на покривот
Со таков еден звук на нежно сожалувачка смеа.