Ќерка
СУХЕИР ХАМАД
лисјата и заминувањето
го повикуваат октомври дома
нејзината ќерка испушта
чад од својата кожа
богата со крв од скорпија
ја преживеа првата поплава
секоја година се одбележува
нов круг околу нејзината
густа срцевина во кората
овие месеци на лето и
зима пропаѓаат едни во други
оставајќи портокалово
жолта пепел
живоста на смртта
го носи сето тоа
замотано во мојот стомак
исечен до врвот
на опашката
вагата се превртува
а вечерва врне во
преданијата на моите родители
сакаа ќерка, а не писател
среќен роденден поетесо
зар те сака некој
како мајка ти
под нејзините гради како
татко ти под својот здив
лисјата и заминувањето го знаат
моето лично име
берам балки
да ѝ ги дадам на реката да јадеме
путер месо од феникс
и да прославиме нова година
нов код за мојот стомак
добив ново име
тајната што никој не ја знае
студот не може да ме повика
заминувањето нема да знае
каде да ме најде
есента ќе ме скрие
во нејзината жетва
во нејзиното време
среќен роденден ќерко
на паѓањето.