43 – Робин Косте Луис

Препев од англиски: Кристина Атанасова

Untitled design

43

РОБИН КОСТЕ ЛУИС

 

 

Апсолутно ништо

значајно

освен растечкото

сознание дека

со мене или без мене

се случува.

И дека во

првите 42

мислев дека

имаше потреба од

мое одобрување, моја согласност.

Започна неодамна.

Чекаше на мене

и не чекаше

посакувајќи

да го достигнам.

Го достигнувам

денот

кога почнувам да прифаќам

дека сонцето се грижи

и не се грижи,

дека со мене или без мене

ќе се врти и ќе гори.

Дека и јас

како него треба

да се вртам и да горам.

Apr 8, 2022

Коментари
Scroll to Top