
ЕП-то Sunday Morning зрачи со посебниот звук на Алинка, притоа вклучувајќи пожесток електро ритам и бас линија, споени со остри, футуристички ноти. Таа вели:
„Го напишав ЕП-то специјално за овој проект, па затоа е инспирирано од времето кога живеев во Берлин. Претставува омаж на берлинските подиуми и танчери, и посебната енергија што постои во градот. „Неделното утро“ е ода на Панорама барот, бидејќи тоа е моето омилено место за играње на светов и сум имала многу магични неделни таму.“, вели Alinka за Embassy One.
НАПИШАНО ОД:
Тимот на Медуза
Oct 30, 2021